Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АХВ со високи оценки од сертификациското тело MQS – потврдена ефективноста на системот за управување со квалитет
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АХВ со високи оценки од сертификациското тело MQS – потврдена ефективноста на системот за управување со квалитет
Агровести

АХВ со високи оценки од сертификациското тело MQS – потврдена ефективноста на системот за управување со квалитет

Објавено 04/03/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) успешно го заврши редовниот надзорен аудит спроведен од страна на сертификациско тело (MQS), при што беа констатирани позитивни наоди и високи оценки за воспоставениот, имплементиран и одржуван систем за управување со квалитет во институцијата. Аудитот беше реализиран согласно барањата на стандардот ISO 9001 2015 и опфати сеопфатна анализа на организациската посветеност на барањата на стандардот, управувачките процеси, оперативните процедури, како и степенот на нивна практична примена во секојдневното работење. Посебен акцент беше ставен на ефикасноста на интерните контролни механизми, управувањето со ризици и континуираното подобрување на институционалните перформанси.

Во својот извештај, аудиторскиот тим констатира дека Агенцијата демонстрира висок степен на институционална подготвеност, јасно дефинирани надлежности и одговорности, како и систематизиран пристап кон планирање, следење и оценување на работните процеси. Беше истакнато дека воспоставениот систем за управување со квалитет не претставува формална обврска, туку функционален систем кој реално придонесува за зголемување на ефикасноста, транспарентноста и отчетноста во работењето.

Позитивно беа оценети доследната примена и редовното ажурирање на процедурите и интерните акти, системот за интерни проверки и корективни мерки, континуираната едукација и професионален развој на вработените, дефинираните цели за квалитет и индикатори, задоловството на корисниците на услугите како и ориентираноста кон корисниците.

Успешно реализираниот аудитот претставува значајна потврда дека Агенција за храна и ветеринарство функционира во согласност со стандардот за квалитет ИСО 9001 2025, обезбедувајќи сигурен и стабилен систем за заштита на јавното здравје, безбедноста на храната и здравјето и благосостојбата на животните.

-Овој резултат е плод на континуирана посветеност, професионалност и тимска работа на вработените во Агенцијата, како и на стратешката определба на раководството за градење модерна, транспарентна и ефикасна институција, усогласена со европските принципи и добри практики- истакна Оливер Миланов, директор на АХВ.

Агенцијата останува цврсто определена и во иднина да го надградува системот за управување со квалитет, преку унапредување на процесите, дигитализација на услугите и зајакнување на институционалните капацитети, со крајна цел – обезбедување највисоко ниво на заштита на здравјето на граѓаните преку безбедноста на храна.

АХВ

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:MQSахввисоки оценкиквалитетсертификациското тело
Претходен напис Досега 632 македонски државјани побарале евакуација, некои ќе се враќаат со чартер-летови, други со владиниот авион
Следен напис На пумпите се полнат резервоарите, цената на горивото вртоглаво расте
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?