Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Донохју: Продолжува падот на инфлацијата и обновата на куповната моќ на домаќинствата во ЕУ 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ЕУ > Донохју: Продолжува падот на инфлацијата и обновата на куповната моќ на домаќинствата во ЕУ 
ЕУ

Донохју: Продолжува падот на инфлацијата и обновата на куповната моќ на домаќинствата во ЕУ 

Објавено 19/10/2025
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Извештајот, кој треба да биде основа за дискусијата за економските состојби во ЕУ на претстојниот Самит, Донохју прави преглед на ситуацијата во Еврозоната и на фискалната политика и на јавните финансии и посочува на потребата од зголемување на финансирањето за одбраната и безбедноста, напредок во развојот на дигиталното евро, зајакнување на меѓународната улога на еврото, реализација на идејата за Унијата на пазарите на капитал и активно меѓународно ангажирање за зајакнување на гласот на Европа. 

Економијата на ЕУ во првата половина од 2025 година оствари подобри резултати од очекуваните, со што, и покрај скромниот раст, се очекува таа да остане отпорна и континуирано да создава работни места поддржани од силната домашна побарувачка, поволните услови за финансирање и силниот европски пазар на трудот, наведува претседателот на Еврогрупата, Паскал Донохју во Извештај доставен до претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта во пресрет на Самитот на ЕУ закажан за 23 и 24 октомври. 

– Иако се очекува во втората половина од годината моментумот на раст да забави, сепак се предвидува стапката на раст за 2025 година да ги надмине претходните очекувања. Процесот на намалување на инфлацијата продолжува, што заедно со повисоките плати ја обновува куповната моќ на домаќинствата и ја одржува потрошувачката, додава Донохју. 

Во Извештајот, кој треба да биде основа за дискусијата за економските состојби во ЕУ на претстојниот Самит, Донохју прави преглед на ситуацијата во Еврозоната и на фискалната политика и на јавните финансии и посочува на потребата од зголемување на финансирањето за одбраната и безбедноста, напредок во развојот на дигиталното евро, зајакнување на меѓународната улога на еврото, реализација на идејата за Унијата на пазарите на капитал и активно меѓународно ангажирање за зајакнување на гласот на Европа. 

Тој посочува дека неодамнешните тензии во глобалната трговија и зголемените царини носат нови предизвици, но дека и покрај овие надворешни пречки, здравите основи на Европа и стабилниот финансиски сектор продолжуваат да обезбедуваат солидна поддршка за економијата на Еврозоната. 

– Го споделуваме ставот дека царините им штетат на сите, вклучително и на оние кои ги воведуваат, и веруваме дека отворената и фер трговија останува најефикасниот начин за зголемување на просперитетот за сите, вели првиот човек на Еврогрупата. 

Сепак, според него, претстојното проширување на Еврозоната, со приемот на Бугарија како 21-ва членка од 1 јануари 2026 година, е уште еден доказ за стабилноста на европската економија и привлечноста на еврото како „сидро на просперитетот“.  

Донохју нагласува дека земјите членки се свесни за итните фискални потреби за зајакнување на одбраната и безбедноста на ЕУ и се целосно посветени на исполнување на своите безбедносни и одбранбени обврски. 

– Иако ја сфаќаме сложеноста на задачата, ќе се справиме со овој предизвик на начин што ќе ја заштити фискалната одговорност. Со исклучок на трошоците поврзани со одбраната, фискалното ограничување останува соодветно и ја повторивме нашата посветеност да ги спроведеме среднорочните планови и новата рамка за економско управување, вели претседателот на Еврогрупата. 

Стапката на инфлација во септември претставува ново највисоко ниво од воведувањето на заедничката европска валута во 1999 година. Евростат ја пресметува инфлацијата од 1996 година.

Во тој правец, според него, во иднина земјите членки ќе се посветат на приспособување на своите буџети на повисоките трошоци за одбрана на среден рок. 

Тој додава дека по повеќе од 25 години постоење, Еврозоната се уште нема унифициран дигитален систем за малопродажни плаќања за нејзините граѓани преку кои ќе можат да се вршат трансакции, а во новиот геополитички и финансискиот пејзаж се појавуваат неевропски решенија за плаќање кои можат да ја пополнат оваа празнина и да ја изложат Европа на стратешки зависности.  

– Овие случувања ја нагласуваат потребата итно да се продолжи со воведување на дигитално евро за да се зајакне стратешката автономија на Европа во дигиталното доба. Дигиталното евро е заеднички европски проект и градењето на јавната свест и доверба е клучно за неговиот успех. Од суштинско значење е граѓаните и бизнисите јасно да ја разберат целта на дигиталното евро, неговата функција и придобивки, смета Донохју. 

Според него, зголемената глобална неизвесност и фрагментацијата во геоекономскиот пејзаж, се одразуваат и на меѓународната улога на еврото, па затоа мора да се работи на нејзино зајакнување со цел да се обезбеди отпорност и стабилност на ЕУ. 

– Привлечноста на еврото зависи од континуираниот напредок во клучните приоритети на политиката: развој на стабилни и ликвидни пазари на капитал преку Унијата за штедење и инвестиции, ефикасни и отпорни прекугранични плаќања, здрави макроекономски политики и веродостојна институционална рамка, вели Донохју. 

Тој смета дека сега е време за решителна акција за претворање на заложбите за создавање на Унија на пазарите на капитал во опипливи резултати и за премин кон спроведување на значајни реформи, како на европско, така и на национално ниво. 

– Развојот на стабилна и интегрирана Унија на пазарите на капитал, која ќе биде од суштинско значење за подобрување на конкурентноста на ЕУ, бара одржлив напор и решителен напредок, порачува Донохју, додавајќи дека таквата Унија и е потребна на Европа и ќе поттикне поголемо јавно разбирање на можностите што ги нудат пазарите. 

Според него, за остварување на своите глобални амбиции во услови на променлив и неизвесен глобален амбиент, на ЕУ и е потребна тесна соработка со нејзините меѓународни партнери, особено во рамките на Г7. сп/ 

Може да ви се допадне

Над 40 милиони евра се префрлени на 9.565 земјоделци во рамките на еко-шемата за зачувување на потенцијалот на почвата
Од 1 јули дополнително намалување и целосно усогласување на царинските стапки со ЕУ за 70 суровини и репроматеријали што се користат во домашната индустрија
Албанија напредува во преговорите со ЕУ – Рама и Кос: Европската интеграција влегува во одлучувачка фаза
ЕУ го казни „Тему“ со 200 милиони евра заради нудење и пласирање нелегални производи
Просечната работна недела во ЕУ е 35,9 часа, во Македонија 39,5
Таг:евраеу
Претходен напис Интернет користи 92,1 отсто од населението во земјава
Следен напис УХМР: Сончево со мала до умерена локална облачност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?