Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Договорно производство на органска пиперка во Валандовско, дебата каква што личи за современи земјоделци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Договорно производство на органска пиперка во Валандовско, дебата каква што личи за современи земјоделци
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

Договорно производство на органска пиперка во Валандовско, дебата каква што личи за современи земјоделци

Објавено 02/03/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вчера во Валандово, во организација на Агротим се одржа трибина со производителите на градинарски култури на кои им беше претставен проектот за Договорно производство на органска пиперка.

После подолго време, еден состанок на кој се дебатираше конструктивно, со конкретни прашања и дилеми за начинот на производството и исти такви одговори од работната група.

Органското производство ниту е потешко, ниту поскапо. Напротив, со енормното покачување на цените на репроматеријалите, овде давачките може да се значително пониски, а приносот и родот квалитетни.

-Имавме пресметки од минатата година од страна на земјоделците кои потврдија дека до 50% имаат помалку трошоци во производството на органска пиперка, за разлика од конвенционалниот начин на производство. Приносот и родот беа одлични и откупувачот беше задоволен. Пиперките се исплатија согласно договорот и можеме да кажеме дека имавме успешна прва реколта, која ги мотивираше и другите земјоделци да се вклучат во Договорното производство на органска пиперка, сезона 2022 – рече Ангела Ѓеровска – советничка за органско производство.

Земјоделците најмногу се интересираа околу сигурноста на договорот, дали ќе се почитува, имајќи предвид претходни лоши искуства кога преработувачи не им платиле или просто не ја подигнале суровината.

Токму затоа и го започнавме лани, а годинава го продолжуваме проектот Договорно производство на органска пиперка, за да ги промениме состојбите во овој дел, поточно да ја вратиме довербата меѓу земјоделците и преработувачите. Факт е дека е таа изгубена од двете страни, но исто така факт е моменталната состојба која диктира сигурност на производството и пласманот, а тоа е возможно само преку сериозен пристап на модел како Договорно производство. Затоа сме и тука со вас да разговараме и да ги расчистиме сите ваши дилеми преку ланскиот успешен проект со поддршка на Проектот за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, со кого разговараме да продолжи нивната поддршка и оваа година – изјави Ленче Николовска, директорка на Агротим.

Заклучок – интерес постои, довербата полека се враќа, се размислува прагматично, најважна е сигурноста на производството и пласманот.

Следуваат директни средби со преработувачите и потпишување на договорите.

Не радува и фактот по заминавање на работната група за Договорно производство на органска пиперка, во салата останаа градинарите кои се договараа за формирање на Земјоделска Задруга, проект кој го започнавме со договорното производство на зелка во валандовскиот регион.

Максимална поддршка од Агротим и за овој процес, тоа е единствениот пат кој може да фати правец со новиот начин на делување во агросекторот.

Се враќа довербата меѓу земјоделците и преработувачите: Договорното производство е најдобро решение за сите

Може да ви се допадне

Над 40 милиони евра се префрлени на 9.565 земјоделци во рамките на еко-шемата за зачувување на потенцијалот на почвата
Уапсени вкупно 39 лица во Грција за скандалот со европските земјоделски субвенции – нелегално се стекнале со над 7,5 милиони евра
ММФ предупредува дека широките субвенции и замрзнувањето на цените можат да ја продлабочат кризата
Исплата на субвенциите за тутун – првата недела во јуни, најави директорката Иротова
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Таг:органска пиперкапроектсубвенции
Претходен напис РКЕ: Имаме најниска цена на дизелот во регионот, бензинот е поевтин само во БиХ и Бугарија
Следен напис Поголем дел од пекарниците во градовите од Источниот регион ја зголемија цената на лебот од три до пет денари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?