Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ви доставува анализа за движењата на цените на нафтените деривати во регионот. Од анализираните податоци за 11 држави во регионот, заедно со нашата, може да се заклучи дека во С Македонија цената на ЕУРОДИЗЕЛ во првата недела од месец март е најниска. Највисока цена на ЕУРОДИЗЕЛ плаќаат во Грција од 1,621 евро, потоа во Албанија од 1,609 евра, па Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Романија, Унгарија, Бугарија и Босна и Херцеговина.
Во Македонија се точи ЕУРОДИЗЕЛ по цена од 1,221 евро.

Како што истакнуваат од РКЕ, кога станува збор за бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 во Македонија се точи по цена од 1,361 евро, што е пониска цена од она во Грција, Албанија, Црна Гора, Хрватска, Србија, Словенија, Романија и Унгарија. Единствено во Бугарија и Босна и Херцеговина се точи ЕУРОСУПЕР БС-95 по цена незначително
пониска од нашата и тоа со отстапка во прва, односно втора децимала.

Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија
