Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Димковски и Бабовски во Кавадарци: Продолжуваме да инвестираме во развој на општините и поттикнување на регионалниот развој
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Димковски и Бабовски во Кавадарци: Продолжуваме да инвестираме во развој на општините и поттикнување на регионалниот развој
Рурален Развој

Димковски и Бабовски во Кавадарци: Продолжуваме да инвестираме во развој на општините и поттикнување на регионалниот развој

Последна измена: 29/01/2020 15:08
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски заедно со директорот за Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски беа во посета на локацијата кадешто започнува изградбата на велосипедската и пешачката патека до Моклиште, во општина Кавадарци. За овој проект, општината, од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ќе добие финансиска поддршка од над 14,6 милиони денари. Дел од оваа велосипедска патека ќе се гради и преку проектот од Центарот за развој на Вардарски регион. Со двата проекта ќе се изгради велосипедска патека во должина од 4.000 метри.

Освен овие два проекти, општина Кавадарци преку мерките од Програмата за рурален развој конкурираше со уште два проекта односно реконструкција на водоводни линии на 5 улици во село Сопот и изградба на пристапен пат до земјоделско земјиште во Моклиште, за што финансиската поддршка е над 747 илјади денари.

Министерот Димковски, посочи дека овие проекти ќе придонесат за подобрување на условите за живот во оваа општина, за уредување и подобрување на местата за рекреација на сите жители, за подобар пристап до нивите на земјоделците и за квалитетно водоснабдување.

„Ова е еден од 200-те проекти финансирани од Програмата за рурален развој. Местото на коешто сме сега, каде што започнува изградбата на велосипедската и пешачка патека, ќе им овозможи на локалното население, но и на странските туристи достојно место за рекреација. Ваквите проекти ќе придонесат за заживување на руралните средини, развој на руралниот туризам, и токму тоа е и политиката на Владата, да создадеме подобри услови за живот во сите општини“, изјави министерот Димковски.

Директорот на Платежната агенција, Бабовски,  посочи дека за сите четери проекти општина Кавадарци ќе добие финансиска помош од близу 50 милиони денари.

„Тоа се проекти кои се од витално значење за жителите на општина Кавадарци. На овој начин обезбедуваме рамномерен регионален развој во сите рурални средини, со акцент на тоа дека за сите рурални средини во Република Северна Македонија, мора да се обезбедат достоинствени услови за живот и развој на средините“, изјави директорот Бабовски.

Градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев, изјави дека со изградбата на велосипедската патека ќе се заокрижи еден крупен проект, којшто е важен за општина Кавадарци, а изградбата ќе заврши за три месеци.

За трите мерки од Програмата за рурален развој пристигнаа над 200 барања со подготовени капитални проекти од сите 80 општини и 8 Плански региони, за што, Владата на Република Северна Македонија обезбеди 38 милиони евра преку Програмата за рурален развој.

Може да ви се допадне

Три недели откако пропадна патот во Галичник, нема абер дека некој ќе го поправи
(ВИДЕО) Големи ама празни куќи – ваква е сликата во село Тркање, младите се иселиле, останале само повозрасните
Oткупот и продажбата на земјоделските производи во првото тримесечје 5,7 милијарди денари
Spirit of Prespa: Совршен ден исполнет со прекрасни луѓе, највкусна храна и незаборавна атмосфера
Трипуновски: Обезбедени 132.000.000 денари за обнова на инфраструктурата за НАВОДНУВАЊЕ и ОДВОДНУВАЊЕ
Таг:денарикавадарципроектрурален развој
Претходен напис Денеска во Кавадарци, трибина за измените на законот за вино и новите правилници за работа на малите семејни винарии
Следен напис Диље: Контролирана дистрибуција и употреба на пестициди е услов за европските пазари и здравјето на земјоделците и потрошувачите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?