Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Денеска во Кавадарци, трибина за измените на законот за вино и новите правилници за работа на малите семејни винарии
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Денеска во Кавадарци, трибина за измените на законот за вино и новите правилници за работа на малите семејни винарии
Агровести

Денеска во Кавадарци, трибина за измените на законот за вино и новите правилници за работа на малите семејни винарии

Објавено 29/01/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска во 17 часот, во Домот на Културата во Кавадарци ќе се одржи трибина на која ќе се презентираат новите измени на законот за вино и новите правилници за работа на малите семејни винарии.

Регистрирање на семејните винарии, правилата, потесните услови и обврски коишто произлегуваат со регистрирањето…се дел од темите на кои ќе се дебатира.

На трибината учество ќе земат министерот за земјоделство, Трајан Димковски и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ.

Со измените и дополнувањата на Законот за вино ќе се создадат услови за развој на малите семејни винарници, ќе се воведат нови вински производи, што ќе придонесе и за поголеми приходи за винарските визби и за лозарите, поголем извоз на вино и девизен прилив.Измените се усогласени со европските регулативи со сите засегнати страни.

Дел од измените се однесуваат на воведување на нови вински производи како органско вино и ароматизирано вино, особено е интерес за малите винарници односно за зголемување на производството на вино кај малите винарници.

Во измените на законот за малите винарници нема да е потребно вработување на енолог, туку ангажирање со соодветен договор, тоа е едно барањата на лозарите кои МЗШВ ги прифати. Кај физичките лица, тие не мора да бидат со високо образование  како што беше досега, може да имаат средно земјоделско училиште. Со низа на измени во Законот за вино, Владата го поттикнува производството, малите винарници,  физичките лица кои може да произведуваат и да продаваат, а со тоа ќе се зголеми целокупното производство и извозот.

Може да ви се допадне

Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Се чека со часови за влез во Грција. Километарски колони и покрај седум ленти
Таг:винозаконлозариСемејни винариитрибина
Претходен напис Како Холанѓаните ја користат архитектурата за да го хранат светот
Следен напис Димковски и Бабовски во Кавадарци: Продолжуваме да инвестираме во развој на општините и поттикнување на регионалниот развој
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?