Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кавадарци домаќин на регионален форум за одржлив третман на биоотпадот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Кавадарци домаќин на регионален форум за одржлив третман на биоотпадот
Агровести

Кавадарци домаќин на регионален форум за одржлив третман на биоотпадот

Објавено 17/06/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во организација на Здружението за еколошко одржлив развој „Зелен институт“ денеска со почеток во 11 часот во салата за состаноци на Општина Кавадарци ќе се одржи Регионален форум на Вардарскиот плански регион посветен на одржлив третман на биоотпадот.

Форумот е дел од проектот „Нула биоотпад: Системски промени во партнерство со граѓаните“ чија цел е унапредување на управувањето со биоотпадот и придонес кон развој на општини со „нула отпад“, преку намалување на загадувањето и ризиците од пожари, поефикасно искористување на ресурсите и поттикнување на циркуларната економија.

Организаторите најавуваат поздравни обраќања од градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев и претставник на Министерството за животна средина и просторно планирање. Форумот ќе го модерира техничкиот експерт Ана Петровска, додека презентации ќе одржат Наталија Бургиева и Аријан Тоска.

На настанот се поканети градоначалници и директори на јавни комунални претпријатија од деветте општини во Вардарскиот регион, како и претставници на институции, индустрија, земјоделски и шумски стопанства, стопански комори и медиуми.

Во рамки на форумот ќе биде презентирано базично истражување за управување со биоотпад, кое опфаќа мултисекторски анализи и предлог-модели за технолошки, финансиски и институционални решенија

Преку дискусија со учесниците ќе се изберат најсоодветните опции што ќе послужат како основа за изработка на пред-физибилити студија за понатамошна имплементација.

Зелен институт

Може да ви се допадне

Пад на цените на нафтата по најавите за ирански извоз, олеснување на инфлацискиот притисок на пазарите
Народна банка: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот останува 2 процента
Локалниот совет за превенција во Берово апелира за безбедно учество на земјоделската механизација во сообраќајот
Дел од Гази Баба денеска без струја
АМСМ: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен
Таг:биоотпадоткавадарцитретманфорум
Претходен напис Народна банка: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот останува 2 процента
Следен напис Пад на цените на нафтата по најавите за ирански извоз, олеснување на инфлацискиот притисок на пазарите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?