Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Димитриеска-Кочоска: Кредитите за железницата не може да се пренаменат, треба нова апликација
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Димитриеска-Кочоска: Кредитите за железницата не може да се пренаменат, треба нова апликација
Агровести

Димитриеска-Кочоска: Кредитите за железницата не може да се пренаменат, треба нова апликација

Објавено 01/08/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Иако министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска се согласува со идејата на премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт и врски Александар Николоски, средствата одобрени за изградба на пругата кон Бугарија, да се пренаменат, за пругата север-југ, смета дека во пракса тоа би било невозможно.

Министерката на денешниот брифинг соопшти и дека веќе остварила средба со Европската инвестициска банка каде што ги бранела аргументите на Владата, но инвеститорите барале проектот да продолжи поради важноста за НАТО.

-Тоа е траса што води од Драч до Бургас. Хипотетички ќе ја направиме. Што ќе ни донесе таа, каква додадена вредност? Што ќе ни донесе економски? Европската инвестициона банка ми кажува „ама знаете, има НАТО аспект“. Супер! Јас многу отворено ги прашав: „Дали ќе нè сакаат НАТО и Европската унија ако ние банкротираме?“ Имаме проблеми со пругата кон Солун која е многу поважна за нашето стопанство, истакнува министерката – Гордана Димитриеска Кочоска.

Кочоска објасни дека наменскиот кредит во висина од 350 милиони евра одобрени од Европската инвестициска банка и од Европската банка за обнова и развој може да се користи исклучиво за таа намена за која е одобрен, а има и дополнителни 150 милиони евра грант.

-Ги слушам изјавите, но не е баш така. Еве, замислете дека сте земале наменски кредит од банка. Вие за друго не може да го користите. Исто е во овој случај, кредитите се наменски. Може само да ги замолите да ги резервираат тие пари и повторно да аплицираме за заем. – Гордана Димитриеска Кочоска.

Димитриеска Кочоска на брифингот информираше и дека од средствата за Западен Балкан, на први јули се одобрени само 1 милион евра за изработка на документација за точките за реконструкција на пругата од Коридорот 10 кон Грција, а после државата треба да ја прави финансиската конструкција и евентуално да бара грантови.

Извор: Канал5

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:горданакочоскамилиони евра грантПруга
Претходен напис Треба многу работа за да се искористат парите од Планот за раст на Западен Балкан
Следен напис Димитриеска-Кочоска: Проектираме реален раст на БДП, важни се инвестициите за да ја подигнеме економијата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?