Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Димитриеска-Кочоска: Проектираме реален раст на БДП, важни се инвестициите за да ја подигнеме економијата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Димитриеска-Кочоска: Проектираме реален раст на БДП, важни се инвестициите за да ја подигнеме економијата
Агровести

Димитриеска-Кочоска: Проектираме реален раст на БДП, важни се инвестициите за да ја подигнеме економијата

Објавено 01/08/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Имаме реална проекција на БДП, иако и таа е проследена со ризици. Важноста на реалните проекции произлегува од тоа што нереалниот БДП продуцира и нереални расходи во буџетите на корисниците, кои на крајот се трошат непродуктивно. Ова го посочи министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска на средба со новинари.

„Првиот квартал и индикаторите од вториот квартал не упатуваа на тоа дека нема да се оствари проектираниот раст со иницијалниот Буџет од 3,4%. Затоа проекцијата за раст на БДП за 2024 година е ревидирана на 2,1%. Преземаме активности и насочени сме кон реализација на капитални инвестиции, вршиме притисок да се реализираат проекти за да ја поттикнеме економијата. Економијата е приоритетот  и нашиот интерес е насочен кон тоа“, истакна Димитриеска-Кочоска.

Министерката рече дека ова е важно од аспект дека многу од расходите во Буџетот зависат од процентот на БДП. А од друга страна, како што беше  појаснето на средбата со новинарите, има корисници кои не успеваат да ги реализираат буџетските средства, но и буџетски корисници кои поради несоодветно постапување предизвикуваат огромни штети врз буџетот, како што се исплатата на извршни решенија и кои само од Европскиот суд за човекови права годинава се на ниво од над 3 милиони евра, како и провизии во износ од 27 милиони евра кои се платени од 2017 година наваму за нереализирани проекти, а  за кои се земени кредити. Вакво однесување, како што порача министерката, нема да се толерира.

„Расходите во Буџетот за 2024 година се поголеми и затоа и се пристапи кон ребаланс во кој се тргна од тоа да се обезбедат пари за она што е законска обврска и доспеани обврски за сервисирање. Расходите и во наредните години се очекува да се високи, за тоа и при проектирање на наредниот буџет за 2025 година ќе треба да се постават приоритети за кои ќе се обезбедат средства“, рече министерката за финансии.

Таа додаде дека во првата половина од оваа година се собрани приходи за 3,5 % пониски од планираното, но оти во јули има добра наплата.

„Кај приходите по основ на ДДВ заклучно со јули има повисока наплата за 20,8%, данокот на добивка 20,1%, данокот на личен доход 18,1%. Дадени се насоки на институциите што се под надлежност на Министерството за финансии дека треба да се преземат одредени мерки коишто се во насока на подобри услуги и поефикасна наплата на приходите“, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:бдпкочоскаминистеркастопанствофинансии
Претходен напис Димитриеска-Кочоска: Кредитите за железницата не може да се пренаменат, треба нова апликација
Следен напис Отворени жиро-сметки и телефонски броеви за настраданото население од пожарите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?