Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Треба многу работа за да се искористат парите од Планот за раст на Западен Балкан
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Треба многу работа за да се искористат парите од Планот за раст на Западен Балкан
Агровести

Треба многу работа за да се искористат парите од Планот за раст на Западен Балкан

Последна измена: 01/08/2024 20:08
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Советот на Европската Унија на почетокот од мај годинава го одобри Планот за раст на Западен Балкан за кој финансиската рамка е 6 милијарди евра, а износот за Македонија е 750 милиони евра. За овие пари, многу се зборуваше во јавноста, но како што објаснија од Министерството за финансии на денешниот брифинг со новинарите, само 250 милиони евра се грант, а другите пари се заем.

– Половина од 750 милиони евра, односно 375 милиони евра се заем за буџетска поддршка, но и една третина од преостанатите 375 милиони евра за кои треба да се аплицира со проекти, исто така се заем, додека преостанатите две третини се грантови. Тоа е ново и понеповолно во однос на првичните најави дека целиот износ од 350 милиони евра ќе бидат грантови – објаснија од Министерството за финансии.

Оттаму велат дека за парите за проекти треба да се исполнат бројни услови.

– За Министерството за финансии може да гарантирам, но не и за другите министерства дали ќе успеат да направат сè што е потребно. За да се повлечат овие пари има многу услови. Ако не се исполнат нема да ги искористиме парите – појасни министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска.

Министерката зборуваше и за досегашното немање на институционален капацитет да се користат парите.

– Од 2017 година до 30 јуни годинава само за провизии за неповлечени средства се платиле 27 милиони евра – рече министерката.

Извор – Слободен печат

Може да ви се допадне

Ракијада во Кавадарци, доделени награди за најдобрите мали производители на меѓународно ниво 
На граничните премини Табановце и Богородица се чека 30 до 40 минути
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Повторно поскапува дизелот
Минималните трошоци во јуни зголемени за 790 денари, кај храната зголемување од 733 денари
Таг:париплан за растпректифинансиифирми
Претходен напис МЗШВ повикува на претпазливост за спречување пожари на отворено
Следен напис Димитриеска-Кочоска: Кредитите за железницата не може да се пренаменат, треба нова апликација
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?