Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Светската организација за здравствена заштита на животните ќе обезбеди експертска помош за справување со болеста африканска чума кај свињите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Светската организација за здравствена заштита на животните ќе обезбеди експертска помош за справување со болеста африканска чума кај свињите
Агровести

Светската организација за здравствена заштита на животните ќе обезбеди експертска помош за справување со болеста африканска чума кај свињите

Објавено 14/10/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Итно обезбедување на експертска група и помош во справувањето со болеста африканска чума кај свињите во Република Северна Македонија, договорија на денешниот работен состанок во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), првиот човек на АХВ Николче Бабовски и д-р Будимир Плавшиќ, директор на Канцеларијата за Европа на Светската организација за здравствена заштита на животните (WOAH). На состанокот беше разгледана актуелната состојба со здравствената заштита на животните во земјава, со акцент на состојбата со болеста африканската чума со која се бори земјава, а се дискутираше и за прашања кои се однесуваат на благосостојбата на животните.

Првите луѓе на АХВ и WOAH за Европа договорија да се интензивира и унапреди досегашната соработка на АХВ и Светската организација за здравствена заштита на животните – WOAH со нови активности, кои ќе бидат во насока на постигнување на оптимални резултати во областа на здравствената заштита кај луѓето, животните, растенијата и нивната заедничка средина, како
основа за реализирање на глобално дефинираниот концепт “Едно Здравје”.

Д-р Плавшиќ позитивно ја оцени работата на АХВ во однос на посветеноста и спроведувањето на проектите и активностите кои се однесуваат на здравствената заштита и благосостојбата на животните. Тој изјази пофални зборови за оценката на Европската комисија во последниот Извештај за напредокот на земјава во евро – интеграциските процеси за Поглавјето 12 чиј
носител е АХВ, а со кој на Агенцијата за храна и ветеринарство и е дадена висока оцена за постигнатото ниво на подготвеност, со што ја вброи меѓу институциите во државава кои добија највисока оцена за евро напредокот.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ахвбабовскисвинска чума
Претходен напис Во Штип од денеска почнува распределбата на картичките за зелена нафта
Следен напис Денови на македонското пчеларство во Битола
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?