Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сливова ракија препеченица годинава колку за проба
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Сливова ракија препеченица годинава колку за проба
Агровести

Сливова ракија препеченица годинава колку за проба

Објавено 04/10/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Надалеку прочуената сливова ракија, која жителите на кичевско-бродскиот регион ја добиваат од сливи трновки, годинава ја нема речиси ни за лек. Кај добар дел жители од регионот, годинава нема ни да зачадат казаните, бидејќи нема што да печат.

Жителите во повеќето рурални средини, за МИА велат дека сланата во екот на цветањето во втората половина на април е причината зошто не родиле сливите трновки и било повеќе од јасно дека без очекуваниот род, ќе нема ни првокласна сливова ракија.

– Родот на сливите трновки во нашиот крај целосно потфрли и тоа е причина зошто годинава нема да правиме од нашата прочуена ракија препеченица од сливи трновки, според многу проценки подобра и од виски. За жал, во екот на цветањето, слана ги пресече сливите трновки, што ја сруши нашата надеж дека и годинава ќе имаме ракија за зимските месеци, за празниците и пред сè за Водици. Откако сливите воопшто не родија, ни преостанува да ги користиме резервите ракија од претходните години, кога родот беше богат, а количествата на добиената ракија доволни и нешто да остане за вакви сиромашни години – вели Миле Стојкоски од Бродско.

Жителите на некои села за да не останат без тазе ракија, утеха пронајдоа во набавка на грозје од кое ќе испечат лозова ракија, која ни оддалеку не е приближна на квалитетот на домашната сливова ракија, но велат барем да има нешто за празниците.

– Нашите очекувања дека годинава родот на сливите трновки ќе биде добар и кога најмалку се очекуваше во две ноќи падна слана која ги пресече сливите, а нас нè остави без планираните количества домашна сливова препеченица. Но, утеха ќе пронајдеме во гроздовата ракија, која делумно ќе ја замени сливовата и која ќе ја добиеме наредните недела-две. Инаку, претходните години, кога родот на сливите трновки беше многу добар, се случуваше да добиеме и до 300 литри препеченица, која е мевлем на рана и лек за многу болести – вели Раде Петрески од Беличка Река, уживател во сливова препеченица, која потоа ја става во специјални дрвени буриња од црница, каде што се обојува со златна боја и добива прекрасен неодолив мирис и заслужено го носи епитетот македонски виски.

Со слични планови се и жителите од останатите села, кои се помирија со реалноста дека годинава ракија препеченица нема да има, но и тие како и претходните соговорници утеха побараа во лозовата ракија која ќе ја испечат есенва.

– Сè е поврзано со временската состојба во текот на пролетта. Ако има мразеви или слана, тогаш не можеме да сметаме на богат род на овошките и пред сè на сливите трновки, од кои ја добиваме нашата омилена препеченица. Ако пред две-три години испековме сливова ракија во поголеми количества, годинава од веќе познатите причини нема да добиеме препеченица ниту за лек. Така е тоа со фабриката под ведро небо, час дава, а час зема – вели Саве Димитриески, специјалист за добивање сливова ракија.

Тој нагласува дека консумирањето сливова препеченица е ритуал и уживање, а не само напивање кој колку може да издржи.

Поради слабиот род на сливите трновки, недостигот на сливова ракија препеченица на пазарот сигурно есенва и зимава ќе предизвика и зголемување на продажната цена, но поединци не ги менуваат навиките и по повисока цена ќе ја купуваат и ќе ја консумираат сливовата ракија…

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:сливова ракија
Претходен напис Времето денеска сончево, од среда врнежи и пад на температурите
Следен напис Денеска е Меѓународен ден на животните
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?