Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Ден на ИФЦ“ во Скопје и панел дискусии за енергетска транзиција и извозно ориентирано производство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > „Ден на ИФЦ“ во Скопје и панел дискусии за енергетска транзиција и извозно ориентирано производство
Агровести

„Ден на ИФЦ“ во Скопје и панел дискусии за енергетска транзиција и извозно ориентирано производство

Објавено 16/06/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Скопје денеска ќе се одржи настанот насловен „Денот на ИФЦ во Северна Македонија“ на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), членка на Групацијата Светска банка, кој е фокусиран на улогата на приватниот сектор во поддршката на економскиот раст на земјата, приватните инвестиции и создавањето работни места.

На настанот, како што соопштуваат од ИФЦ, воведни обраќања ќе имаат министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска,  на Северна Македонија, и директорката на одделот за Западен Балкан и Јужен Кавказ во ИФЦ, Вибке Шлемер.

Важен дел од настанот, додаваат, претставуваат панел дискусиите поврзани со два клучни приоритети за идниот развој на земјата: енергетска транзиција и извозно ориентирано производство, кои ќе ги соберат заедно креаторите на политики, бизнис лидерите и развојните партнери за размена на перспективи и искуства.

-Северна Македонија има значителен потенцијал за проширување на домашното производство на обновлива енергија и зајакнување на својата енергетска независност. Со оглед на тоа што побарувачката за електрична енергија се очекува да се зголеми за 26 проценти до 2040 година, инвестициите во ветерна, сончева и модерна енергетска инфраструктура ќе бидат од суштинско значење за задоволување на идната побарувачка и подобрување на енергетската безбедност, велат од ИФЦ.

Земјата, додаваат, се стреми кон значително зголемување на производството на чиста електрична енергија до 2030 година, додека поголема регионална енергетска интеграција може да ја подобри сигурноста на системот и да ја поддржи долгорочната економска отпорност. Извештајот на Групацијата Светска банка за климатски промени и развој на земјата од 2024 година ја идентификува зелената транзиција како можност за мобилизирање на приватни инвестиции и создавање работни места.

-Производството останува една од клучните економски предности на Северна Македонија и важен извор на извоз и вработување. Близината на земјата до пазарите на ЕУ и растечката интеграција во европските вредносни синџири создаваат можности за привлекување инвестиции и продлабочување на индустрискиот развој. Клучни можности постојат во сектори како што се автомобилските компоненти, машините и агробизнисот, каде што подобрата инфраструктура, логистиката и поврзаноста можат да им помогнат на фирмите да го прошират производството, да го зголемат извозот и да создадат квалитетни работни места, потенцираат од ИФЦ.

МИА

Може да ви се допадне

Во Струмица работилница „Управување и рециклирање на пластична фолија за земјоделските култури во Македонија“
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Намален прометот од продажба на услугите
Горивата поскапуваат од половина до два денари
Премиерот најави исплата на субвенциите и раст на производството на тутун
Таг:Ден на ИФЦенергетска транзицијапроизводствоСкопје
Претходен напис На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Следен напис Во Струмица работилница „Управување и рециклирање на пластична фолија за земјоделските култури во Македонија“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?