Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЦГК: Државата наплатува само 8,2 милиони евра годишно за експлоатација на минералните суровини
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЦГК: Државата наплатува само 8,2 милиони евра годишно за експлоатација на минералните суровини
Агровести

ЦГК: Државата наплатува само 8,2 милиони евра годишно за експлоатација на минералните суровини

Објавено 13/04/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Најголем годишен надомест, плаќаат рудникот Саса 2,2 милиони евра и рудникот Бучим 1,2 милиони евра.

Концесија за користење минерални суровини имаат добиено 264 фирми на кои им се издадени вкупно 358 концесии, со кои е опфатена површина од 349 квадратни километри, што е 1,4 отсто од вкупната територија на државата, покажуваат резултатите од истражувањето и базата на податоци на доделени концесии за минерални суровини за 2019 година што денеска ги објави Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).

Според податоците, вкупно се експлоатираат 50-тина видови минерални суровини, а најмногу 110 концесии се издадени за експлоатирање на варовник, за вода 47 и за песок и чакал 43. Најмногу од концесиите – 32 се издадени на територијата на Општина Прилеп, по што следат Гостивар со 21, Струга со 18 и Сопиште со 15 концесии. Најмногу концесии по девет, имаат Цементарница УСЈЕ од Скопје и градежната фирма Гранит од Скопје, шест има МИСА-МГ од Скопје, а пет концесии има Кнауф Радика од Дебар.

– За добиените концесии се плаќа надомест по две основи: за користење на површината и за експлоатираните количини. По првата основа, годишно се прибираат само околу 800 илјади евра, додека по втората основа, за количината на експлоатираната суровина се прибираат 7,4 милиони евра. Или вкупно по двете основи се прибираат околу 8,2 милиони евра, велат од ЦГК.

Најголем годишен надомест, прецизираат, плаќаат рудникот Саса 2,2 милиони евра и рудникот Бучим 1,2 милиони евра.

– Тие заедно плаќаат дури 43 отсто од вкупните пари што годишно се слеваат во државната каса за експлоатацијата на суровините, посочуваат од ЦГК.

Нагласуваат дека истражувањето се реализира во рамките на активноста „Јавно трошење за јавно добро”, поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество, чија цел е зголемување на ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Два активни пожари на територија на државата, осум изгаснати
Европа се соочува со нов силен топлотен бран
Ребалансот на Буџетот утре на владина седница
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, успешно го помина вториот надзорен аудит согласно стандардот ISO 9001:2015
Невреме со грмотевици предизвика серија пожари во Далмација
Таг:рудниксаса
Претходен напис Александар се враќа во селото на неговите предци: Гради етно село и развива туризам во време на корона
Следен напис Интересни трикови на искусни градинари: Како брзо да се исушат ориганото и другите билки?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?