На прашањето кој е најдобриот начин да се исуши ориганото, многумина веројатно би одговориле дека го оставаат на промаја или користат дехидратор. Сепак, постои еден побрз и полесен метод – сушење во рерна. Овој метод, освен за оригано, може да се искористи и за сушење други билки.
Колку време е потребно за да се исуши една билка во рерна
Свежо собраното оригано се суши во рерна за само 15 минути, така што лисјата од ова ароматично растение можете да ги соберете од градината попладне и исушените да ги користите истата вечер. Кога времето што изминува додека не се излади исушената билка се додаде на времето потребно за сушење, целиот процес може да се заврши за 45 минути.
На која температура треба да се исуши
Правилото е дека колку е помала температурата, толку се помали шансите за горење на лисјата на растението. Затоа, поставете ја рерната на најниска температура и покријте ги лисјата од оригано со хартијата за печење, која ќе ја поставите на централното ниво во рерната, со цел да се минимизира можноста од согорување на растението.
Кои ароматични билки можат да се сушат на овој начин
Методот на сушење на оригано може да се примени и на други ароматични билки како што се јаглика, жалфија, мајчина душичка, нане и босилек, со тоа што времето на сушење варира од растение до растение, во зависност од големината и дебелината на неговите лисја.
Постапка на сушење 45 минути
Првиот чекор е да ги соберете свежите растенија од вашата градина кои, доколку се одгледуваат органски, не треба да се мијат. Меѓутоа, ако ги миете, бидете сигурни дека растенијата се целосно суви, така што тие навистина ќе се сушат во рерна, а не само на пареа.
Сушењето пред да се стават во рерна може да се изврши и со помош на крпа. Исто така, се препорачува да се користат растенијата со лисја кои се приближно иста големина за сушење во рерната, така што сите може да се исушат истовремено и рамномерно.
Следниот чекор е да го ставите ориганото на хартија за печење, така што стеблата со лисјата да бидат наредени по ред долж хартијата за печење. Би било пожелно да се избегне лисјата да се преклопуваат едни со други за да може воздухот слободно да циркулира помеѓу нив. Ако сушите поголема количина оригано, направете го тоа повеќепати повторувајки ја истата процедура.
Потоа, потребно е да се загрее рерната на најниска температура и да се стави ориганото на централната решетка. Вратата на рерната треба да се остави отворена со помош на некои дрвени прибор што ќе ја заглават, со цел да се овозможи проток на свеж воздух за време на процесот на сушење.
Важен чекор во процесот на сушење е да се исклучи рерната откако ќе се стават растенијата внатре, така што растенијата ќе се исушат на температура што постепено се намалува. Овој метод може да избегне горење на нежните лисја од ориганото за време на процесот на сушење. Сушењето трае 15 минути, иако најдобро би било садот да се остави во рерната додека не се излади целосно.
Последниот чекор е да ги одделите исушените лисја од стеблата и да ги чувате во садови со вакуум.
Бидете сигурни дека растението е целосно суво, бидејќи секоја влага може да доведе до формирање на мувла за време на складирањето. Најдобар начин да се провери нивото на сувост е нежно лизгање на прстите по сувото оригано и ако лисјата лесно паѓаат, тоа е знак дека растението е доволно суво. Исушениот зачин можете да го чувате во садови со вакуум со цел да ја зачувате максималната арома на растението. Во оптимални услови, аромата може да трае до шест месеци, по што почнува да губи интензитет, затоа е потребно да се додадат поголеми количини на овој зачин при подготвување на оброк.
Извор: Agromedia.rs
