Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Четири совети за успешно одгледување на органски јагоди
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Четири совети за успешно одгледување на органски јагоди
Совети

Четири совети за успешно одгледување на органски јагоди

Објавено 22/02/2022
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Органското производство и продажбата на јагодестото овошје од година во година ги надминуваат сите рекорди. Дури 15 отсто од вкупната продажба на овошје во светот припаѓа на јагодестото овошје.

Посебно интересни се органските јагоди кои се на врвот на листата при купување. Според статистичките податоци за производството на ова овошје на западноевропскиот и американскиот пазар, дури една третина од клиентите најмалку еднаш месечно купуваат органски јагоди, додека 15 отсто од нив, главно на возраст под 40 години, го купуваат исклучиво ова органско овошје.

Според истражувањето, купувачите избираат органски јагоди бидејќи оние кои се одгледуваат на конвенционален начин се меѓу овошките кои најчесто задржуваат траги од пестициди, а за сопствената и за безбедноста на своето семејство, сепак избираат органски јагоди, дури и кога се многу поскапи отколку обичните.

Производителите на јагоди поретко се осмелуваат да преминат на органско производство. Причина? Премногу инвестиции и труд, неизвесност на приносот, иако пазарот „плаче“ за органски јагоди. Експертите велат дека ова се само предрасуди, а за да ги разбиеме, ви откриваме четири совети за успешно одгледување на органски јагоди.

  1. Пред сè, треба да изберете соодветно земјиште. Јагодите сакаат добро пропустлива почва, бидејќи вишокот на влага може да доведе до гниење на кореновиот систем, кој кај ова растение е прилично плиток – само 20 сантиметри под површината на почвата. Затоа хумусниот слој треба да биде на длабочина од 50 сантиметри, а одозгора се истура песочна иловица со мала содржина на глина. Доколку немате идеално земјиште за обработка, тоа може да се надмине со избирање на сорти кои се поотпорни на болести. Најдобрите приноси на јагоди се постигнуваат на почва каде што влажноста е 70-80% од максималниот воден капацитет.
  2. Постојат многу сорти кои се покажаа како одлични за органско земјоделство, прашањето е како да се изберете вистинската.
    При изборот на сорта распрашајте се во околните расадници или кај соседите. Сортите што ги нуди локалниот расадник веројатно ќе бидат соодветни за вашата област, бидејќи почвата е многу слична. Исто така, треба да се внимава на количината на азот во почвата, бидејќи јагодите имаат поголема побарувачка на азот во рана пролет, кога растат и раѓаат, како и во доцна есен. Наместо употреба на азотни ѓубрива, експертите препорачуваат брашно од риба и соја, како и брашно од луцерка, кое ќе го надомести недостатокот на азот неопходен за раст и развој на растението. Добар избор е и шталското ѓубриво, особено кокошки, но треба да се води сметка да биде одлежан, бидејќи ако ѓубривото е премногу силно може да ги изгори јагодите.
  3. Борбата со плевелот при одгледување органски јагоди е тешка и долга. Иако постојат дозволени органски хербициди, тие нема да бидат доволни. Затоа, купете пар дебели ракавици и започнете ја борбата со тревата, откорнувајќи ја од корен. Плиткото одгледување е исто така добар избор, но за да се овозможи тоа, внимавајте на растојанието помеѓу леите на засадените јагоди. Најдобро е да користите комбинација од сите овие методи за да постигнете максимални резултати и да им обезбедите на вашите јагоди добри услови за раст и развој без досадните плевели.
  4. За да се спасите од штетниците и патогените бактерии, засадете само здрави растенија во почва со добра дренажа и циркулација на воздухот. Пред садењето, проверете дали во близина има површина со голема популација на штетници од кои треба да се ослободите. Контролата на плевелот е исто така корисна бидејќи плевелните растенија често се живеалиште за штетници, па затоа има повеќе причини да се ослободиме од плевелот. Добар начин за заштита е мулчирање на почвата, што нуди двојна корист и ги штити јагодите и од плевел и од штетници. Редовно отстранувајте ги сувите лисја и расипаните плодови за да спречите развој на патогени бактерии кои брзо ќе се прошират на останатокот од насадот.

    Извор: agrosavjet.com

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Таг:органски јагоди
Претходен напис Суша, бури, мраз во мај… Какво време ја очекува Европа оваа пролет?
Следен напис Вториот план за распределба на земјоделско земјиште со промена на границите усвоен во село Дабјани
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?