Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Вториот план за распределба на земјоделско земјиште со промена на границите усвоен во село Дабјани
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Вториот план за распределба на земјоделско земјиште со промена на границите усвоен во село Дабјани
АгровестиРурален Развој

Вториот план за распределба на земјоделско земјиште со промена на границите усвоен во село Дабјани

Објавено 22/02/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Собранието на учесници во консолидација на земјоделско земјиште од село Дабјани (Општина Долнени) со мнозинство гласови од сопствениците го усвои Планот за распределба на земјоделското земјиште – со што Дабјани стана вториот проект за консолидација на земјоделско земјиште во државата по принципот на распределба со промена на границите. Ова е уште едно клучно достигнување во рамки на проектот финансиран од Европската унија – МАИНЛАНД, кој е кофинансиран од Организацијата за храна и земјоделство при Обединети нации (ФАО) и се спроведува во тесна соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Дабјани е најголемото активно консолидациско подрачје во Северна Македонија. Станува збор за 742 хектари (ха) земјоделско земјиште, во сопственост на 85 приватни сопственици на земјиште (435 ха) и на државата (307 ха). Во процесот на прераспределба на земјиштето поддржан од проектот МАИНЛАНД, бројот на земјишни парцели во Дабјани е намален за речиси пет пати – од 602 на 127 парцели. Новоформираните парцели се со правилна форма, со просечна големина од 5,84 ха, споредено со само 1,23 ха пред консолидацијата на земјиштето и како такви овозможуваат поефикасни земјоделски практики.

Консолидацијата на земјиштето донесе дополнителни придобивки за руралното население во Дабјани. Многу земјишни парцели во консолидационата област, кои беа вратени на приватни сопственици во процесот на денационализација, беа лоцирани, или во средина на блокови државно земјоделско земјиште, или вратени како парцели во сосопственост со државата. Во рамки на процесот на консолидација на земјиштето поддржан од МАИНЛАНД, и приватните сопственици на земјиште во Дабјани и државата, успеаја да ги решат долгогодишните проблеми од комплицираната состојба со земјишните права, што негативно влијаеше на ефикасното искористување на земјоделското земјиште во целата област.

Таков е случајот со Мирјана Капкоска-Ангелеска, земјоделка од село Дабјани. Со враќањето на национализираното земјоделско земјиште, таа од дедо ѝ наследила земјоделско земјиште, кое со години било напуштено, бидејќи било расцепкано на дури 63 ситни парцели, расфрлани низ полето и речиси невозможни за обработка. Благодарение на проектот МАИНЛАНД, сите нејзини парцели сега се консолидирани во само една парцела со големина од осум (8) хектари и со правилна форма. Таа ќе има еден имотен лист и конечно ќе може да почне да ја користи својата земја за земјоделско производство.

По усвојувањето на Планот за распределба на земјиштето за Дабјани, процесот на регистрација на ново-формираните земјишни парцели во Катастарот на недвижности ќе започне во периодот февруари-март 2022 година, заедно со обележување на ново-формираните парцели на терен. Последниот чекор во процесот на консолидација на земјиштето во Дабјани – подобрувања на земјоделската инфраструктура, вклучувајќи рехабилитација на постојните и изградба на нови пристапни патишта во консолидационата област, се очекува да биде финализиран во 2022 година, со финансиска поддршка од Европската Унија.

За проектот:

Проектот „Воведување на Национална Програма за консолидација на земјиште” (МАИНЛАНД) e финансиран од Европската Унија и кофинансиран од Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите Нации (ФАО). Проектот го имплементира ФАО за да го поддржи Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во спроведување на Националната стратегија за консолидација на земјиште. Буџетот на проектот изнесува 2.86 милиони евра (финансиран од Инструментот за претпристапна помош на ЕУ (2.5 милиони евра) и придонес на ФАО (0.36 милиони евра). Истиот се спроведува во времетраење од 68 месеци, почнувајќи од март 2017 до ноември 2022 година. Главната цел на проектот е да се реши проблемот со расцепканоста на земјоделското земјиште со цел да се зголеми конкуретноста на земјодлеското производство, да се подобрат условите за живот во руралните средини и да се обезбеди одржливо коритење на природни ресурси.

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:дабјани
Претходен напис Четири совети за успешно одгледување на органски јагоди
Следен напис Владата ги ограничи трговските маржи на основните прехранбени производи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?