Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Суша, бури, мраз во мај… Какво време ја очекува Европа оваа пролет?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Суша, бури, мраз во мај… Какво време ја очекува Европа оваа пролет?
Агропрогноза

Суша, бури, мраз во мај… Какво време ја очекува Европа оваа пролет?

Објавено 22/02/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Една од најреномираните светски метеоролошки служби, AccuWeather објави пролетна прогноза за цела Европа. Зимските бури кои изминатите денови го зафатија северниот дел на нашиот континент ќе го продолжат овој тренд до пролет.

Експертите на овој сервис очекуваат дека високиот притисок над Западна и Централна Европа ќе ги одврати бурите од јужниот дел и ќе ги насочи понатаму на север. Областите од Северна Ирска до Шкотска и балтичките држави ќе се соочат со натпросечни врнежи од дожд.

Од друга страна, суво време, сонце и високи температури ги чекаат областите од Пиринејскиот Полуостров до Франција, Италија и брегот на Балканскиот Полуостров. Синоптичарите како најзагрозени ги гледаат посевите на пченка и пченица во Франција и маслинките во јужните делови на Шпанија и Португалија.

Шпанија годинава го забележа вториот најсушен јануари во 21 век, со 26 отсто помалку дожд од вообичаеното. Просечниот акумулациски капацитет се намали на околу 45 проценти.

„Недостигот на дожд и ниската акумулација значително ќе ја отежнат можноста за користење на наводнувањето. Како што влегуваме во посуви периоди од годината, ова ќе биде лош почеток на вегетациската сезона“, рече метеорологот Алан Реперт.

Одложување на сеидбата

Се смета дека земјоделците дури и ќе мора да ја одложат сеидбата ако почвата е премногу сува. Ваквите услови ќе ги зголемат температурите малку повеќе одоколку би имало повеќе повеќе дождливи периоди. Кога почвата е сува, истакнуваат тие, повеќе сончева енергија оди директно во затоплување на почвата и воздухот наместо да ја испарува влагата.

За овој дел од Европа се предвидуваат и многу рани горештини, од 32 до 37 степени Целзиусови, веќе во мај.

Кога станува збор за центарот на континентот, може да очекуваме прилично умерена пролет, велат синоптичарите, без особено долги периоди на влажно или суво време.

Се предвидува дека врнежите во Северна Франција, Германија, Полска и во внатрешноста на Балканот ќе бидат близу или малку под нормалата.

Можност за грмотевици

„Ќе има периоди на бури во оваа област што ќе траат можеби пет дена, но исто така и подолги сушни периоди. Бидејќи патеката за бура останува на север, постојаните врнежи ќе останат таму во најголем дел“, рече високиот метеоролог Тајлер Ројс.

Силните грмотевици оваа пролет би можеле да донесат и опасност од штетни ветрови, град и ненадејни поплави. Синоптичарите на AccuWeather пишуваат дека вакви појави на Балканот може да се очекуваат кон крајот на пролетта.

„Оваа област веројатно ќе биде изложена на зголемен ризик од бури во текот на мај, бидејќи студениот воздух над Украина се судира со благи услови понатаму на запад“, вели Ројс.

Исто така, кон средината на мај може да се појави и доцен мраз.

Може да ви се допадне

До петок настабилно време со дожд, грмежи и ветер
Сончево и многу топло со мала до умерена облачност
За викендот сончево и многу топло до 40 степени
Сончево и многу топло, попладне можен локален дожд
За викендот сончево и многу топло, од вторник грмежи и засилен ветер
Таг:временска прогноза
Претходен напис Битиќи и Нуредини на средба со Стопанската комора на Дубаи – Македонија нуди широка лепеза на можности за инвестиции во земјоделството, енергетиката, градежништвото, туризмот и производството
Следен напис Четири совети за успешно одгледување на органски јагоди
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?