На нашата трпеза секогаш има и некои лесни јадења. Денес го имавме овој лесен прилог, вреди да се проба, пиперка и урда навистина вкусно.
Состојки:
- 4 пиперки
- 200 грама урда
- 1 јајце
- 1 китка ситно сецкан копар или магдонос
- Сол по вкус
- Масло
Подготовка:
Измијте ги и исечете ги пиперките на половинки, а потоа исчистете ги од семките. Оставете ги пиперките настрана да се исцедат. Во урдата додадете го јајцето и ситно сецканиот копар или магдонос, па зачинете со сол по вкус. Измешајте ги состојките додека убаво не се соединат. Со помош на лажица, внимателно наполнете ги пиперките со смесата. Ставете малку масло во тава и потпечете ги полнетите пиперки. Префрлете ги готовите печени пиперки во сад за послужување. Уживајте!!
МИА
