Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Винарија Бади – Во секоја капка вино произведено со многу љубов и истрајност, се чувствува богатството на Тиквешкото виногорје
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Органско производство > Винарија Бади – Во секоја капка вино произведено со многу љубов и истрајност, се чувствува богатството на Тиквешкото виногорје
Органско производство

Винарија Бади – Во секоја капка вино произведено со многу љубов и истрајност, се чувствува богатството на Тиквешкото виногорје

Објавено 12/06/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Бутик винаријата „Бади“ е сместена во Кавадарци – срцето на Тиквешкиот вински регион. Лозовите насади се наоѓаат во еколошки чиста и недопрена природа на надморска височина од 350-450 м.н.в., со традиција пренесувана 5 генерации.

Разговаравме со сопственикот на винаријата, Блаже Бади Миневски, кој ни откри сè за почетоците на винаријата:

-Првото производство на вино во нашата семејна винарија започнува во 2005 година. Тогаш ја набавивме првата опрема, првите цистерни и почнавме да произведуваме вино за своја душа и за пријателите. Со текот на годините, надградувајќи се и постојано учејќи, успеавме целото производство на грозје да го преработиме во сопствената винарија. Во 2018 година се роди бутик винаријата Бади. Капацитетот на винаријата е 10.000 литри годишно, произведуваме црвено вино, розе и бело вино (Bisera White, Bisera White Late Harvest, Sauvignon Blanc, Passion Cuvée Rose, Badi Love Cabernet Sauvignon, Badi Love Kratoshija, Badi Love Vranec, Badi Love Merlot), ракија и вињак, маџун и производи од грозје со висок квалитет. Бутик винарството, кое ние го практикуваме, е едно од најценетото и најреспектабилно винарство на светската винска мапа.

Го прашавме Бади која е разликата меѓу органското и конвенционалното вино.

„Органското вино и да не биде класифицирано како органско, никој нема да го препознае. Тука доаѓа до израз етичкиот дел во винарството, колкав дел од себеси како винари сме подготвени да внесеме во самото вино. Производството на грозјето во нашите лозови насади е по пат редукција – смалување на приносите, на сметка на високо квалитетно грозје. Нашите производи се без употреба на пестициди, инсектициди и вештачки ѓубрива – природни и еколошки производи, без употреба на средства од животинско потекло – вегански производи, произведени со многу љубов, истрајност и почит. За производството на виното, од грозјето па до флаширањето, се користат минимални или никакви технолошки интервенции, а во секое шише вино од Винарија Бади е отсликано богатството и природните убавини на Тиквешкото виногорје.“

Винаријата Бади располага со сала за дегустација со капацитет од 20 гости и нуди пакети за дегустација и спарувања со храна и вино со сомелиер, пикник дегустации на лозовите насади и комбинирани настани во природа.

„Мислам дека еколошкото винарство е иднината на Тиквешијата. Ги имаме сите микроклиматски услови да можеме да работиме. Добрите ветрови, одличната клима, големиот број на сончеви денови, богатата почва… со поголема едукација, сите тие работи можат нѐ направат рамноправни со најголемите органски дистрикти во светот.“, вели Миневски.

Винаријата Бади заедно со уште 11 семејни компании заеднички ги пласираат своите производи под брендот „Премиум производи“. Ваквиот пристап овозможува сите овие производители да добијат поголема видливост и присутност во малопродажбата. Моделот беше препознаен како уникатен и поддржан од швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Зибери: Со синот насадивме 1 ха со аронија, наместо во странство, треба дома да работиме
Кои се барањата за производство на органско вино и органски производи од вино
Закон за органско земјоделско производство: Кои се барањата за да се занимавате со органско растително производство
Закон за органско производство: Барања за органско сточарско производство и органско пчеларство
Закон за органско производство: Барања за производство на органска преработена храна
Таг:бади винарија
Претходен напис Бачовски: Освен за тутунот, во јуни субвенции за вештачко ѓубриво, млеко, гоеници и бројлери
Следен напис Времето денеска сончево со мала до умерена облачност, попладне дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?