Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Британците преземаат драстични мерки за справување со горештините
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Британците преземаат драстични мерки за справување со горештините
Агровести

Британците преземаат драстични мерки за справување со горештините

Објавено 06/08/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Секој шести Британец презема „драстични мерки“ како спиење во кујна, отсуство од работа или престој во хотели за да се справи со топлотните бранови, покажува истражување на хуманитарната организација „Ситизенс адвајс“.

Од организацијата предупредуваат дека милиони луѓе во Обединетото Кралство се „заробени во домови што не можат да ги разладат“, при што речиси половина од испитаниците (44 проценти) посочуваат дека не се во можност да спречат енормно затоплување на нивните живеалишта.

„Ситизенс адвајс“ повика на владини мерки за справување со, како што наведува, „продолжена криза во текот на целата година“ – со екстремни горештини во лето и неподносливи сметки за енергија во зима“.

За да се справат со горештините, граѓаните на Велика Британија спијат на невообичаени места како кујни, градини или балкони, користат продолжени боледувања, неплатен или годишен одмор, дури и плаќаат престој во хотели.

Четири милиони Британци изјавиле дека користат импровизирани решенија, како лепење алуминиумска фолија, картон или влажни чаршафи на прозорците за да ја намалат температурата во домовите.

Истражувањето покажало дека лошо дизајнираните домови што се претвораат во „топлотни стапици“, кај граѓаните создаваат чувство на беспомошност.

Околу половина од станарите (51 процент) во згради сметаат дека немаат доволна контрола за да спречат прегревање на домовите, во споредба со 40 проценти од сопствениците на куќи.

Истражувањето покажало и дека околу 90 илјади корисници на системи за централно греење не можеле да го исклучат греењето во летните месеци.

Директорката на „Ситизенс адвајс“, Дејм Клер Мориарти, изјави дека за многу луѓе топлотните бранови не значат уживање во сонцето, туку „заробеност во прегреани домови без можност за контрола на температурата“.

Британската влада соопшти дека ги менува правилата за граѓаните да можат да добијат финансиска поддршка за топлински пумпи, што можат да служат и за ладење и за загревање на живеалиштата. Владата наведува и дека презема мерки за подобра заштита на станарите од опасно прегревање и дека новите станбени објекти ќе бидат дизајнирани за да спречат претерано загревање од сонцето.

Во истражувањето што на 1 и 2 јули го спровела агенцијата „Јондер“, биле опфатени 2.105 возрасни лица во Велика Британија. 

МИА

Може да ви се допадне

Регистрирани 20 пожари на отворено – 18 се изгаснати, еден е активен, а еден е под контрола
Потврдени 23 нови случаи на вирусот на Западен Нил во Грција
Прекин на електрична енерија во општина Бутел, а без вода денеска ќе бидат дел од корисниците во Кисела Вода и Центар
Во Хрватска нискиот водостој на реките предизвикува проблеми во енергетиката, пловидбата и снабдувањето со вода
Водата во Скопје е безбедна за пиење
Таг:Британцитегорештинитемеркисправување
Претходен напис Прекин на електрична енерија во општина Бутел, а без вода денеска ќе бидат дел од корисниците во Кисела Вода и Центар
Следен напис Потврдени 23 нови случаи на вирусот на Западен Нил во Грција
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?