Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Потврдени 23 нови случаи на вирусот на Западен Нил во Грција
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Потврдени 23 нови случаи на вирусот на Западен Нил во Грција
Агровести

Потврдени 23 нови случаи на вирусот на Западен Нил во Грција

Објавено 06/08/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во изминатата седмица во Грција биле потврдени 23 нови случаи на вирусот Западен Нил, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи се зголеми на 65, а од почетокот на оваа вирусна сезона починаа вкупно шест лица, покажуваат податоците од неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.

Од ЕОДИ соопштија дека од заразените, 54 пациенти се со симптоми на централниот нервен систем (енцефалитис и/или менингитис и/или акутна парализа), додека кај 11 случаи симптомите биле благи или немало зафатеност на централниот нервен систем.

Бројот на починати пациенти со инфекција со вирусот на Западен Нил се зголеми на шест лица (минатата седмица беа четири), сите на возраст од над 65 години, со просечна возраст од 79 години (опсег меѓу 66 – 91 година).

Од заразените, 20 се хоспитализирани, а 38 биле отпуштени од болница.

Повеќето од случаите (вкупно 48) се регистрираните во областа Атика, поширокиот регион на Атина, а останатите 13 во регионот Тесалија и во северна Грција, додека пак четири случаи се во фаза на епидемиолошко истражување.

Првиот случај на инфекција за оваа сезона во Грција беше регистрирани на почетокот на јули.

Вирусот Западен Нил, што го пренесуваат комарците, присутен е во Грција во летниот период од 2010 до 2014 година, како и од 2017 до денес.

Најголем број случаи на Западен Нил имаше во 2018 година, вкупно 317, а истото лето, највисок беше и бројот на починати лица вкупно 51.

Лани, во Грција беа регистрирани 96 случаи, а од Западен Нил починаа девет лица. 

МИА

Може да ви се допадне

Регистрирани 20 пожари на отворено – 18 се изгаснати, еден е активен, а еден е под контрола
Британците преземаат драстични мерки за справување со горештините
Прекин на електрична енерија во општина Бутел, а без вода денеска ќе бидат дел од корисниците во Кисела Вода и Центар
Во Хрватска нискиот водостој на реките предизвикува проблеми во енергетиката, пловидбата и снабдувањето со вода
Водата во Скопје е безбедна за пиење
Таг:23 новивирусотГрцијаЗападен Нил
Претходен напис Британците преземаат драстични мерки за справување со горештините
Следен напис Регистрирани 20 пожари на отворено – 18 се изгаснати, еден е активен, а еден е под контрола
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?