Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Божиновска: Поголемото учество на жените во енергетскиот сектор ја зајакнува одлуката, поттикнува иновации и гради поотпорни институции
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Божиновска: Поголемото учество на жените во енергетскиот сектор ја зајакнува одлуката, поттикнува иновации и гради поотпорни институции
Агровест

Божиновска: Поголемото учество на жените во енергетскиот сектор ја зајакнува одлуката, поттикнува иновации и гради поотпорни институции

Објавено 12/03/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Економиите не можат да остварат свој полн потенцијал ако половина од популацијата е ограничена во можностите за учество, беше порачано на главниот настан на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) по повод Меѓународниот ден на жената, под мотото „No Economy Wins Running at Half Capacity: The Economic Power of Gender Equality“ на кој учестуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Настанот се одржа во хибриден формат во седиштето на ЕБОР, а го отвори претседателката на банката, Одил Рено-Басо, која нагласи дека родовите јазови директно влијаат врз продуктивноста, отпорноста и иновацискиот капацитет на економиите.

Како што информираат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), министерката Божиновска во своето обраќање го поврза значењето на родовата еднаквост со зелената енергетска транзиција и додаде дека земјава се движи кон амбициозна трансформација на енергетскиот сектор – со проширување на капацитетот за соларна и ветерна енергија, модернизација на системот и создавање почист и поотпорен енергетски систем.

-Но, оваа транзиција мора да биде праведна и инклузивна. Жените имаат клучна улога во обликувањето на оваа трансформација. Поголемо учество на жените во енергетскиот сектор – од инженери и претприемачи до политичари и извршни лидери – ја зајакнува одлуката, поттикнува иновации и гради поотпорни институции, истакна Божиновска во обраќањето.

Министерката нагласи дека промоцијата на жените во енергетскиот сектор не е само прашање на еднаквост, туку стратегиска потреба за успехот на зелената транзиција. Тоа значи повеќе жени во технички професии, повеќе жени што водат проекти за обновлива енергија и повеќе жени што обликуваат национална енергетска политика.

-Горда сум што Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини е веројатно една од ретките институции во земјата каде што жените се мнозинство меѓу вработените – 78 жени наспроти 69 мажи. Во сектор кој традиционално се смета за „машки“, ова е доказ дека жените се подготвени и способни да водат, посочи Божиновска

Таа ги истакна и конкретните резултати од обуките за праведна транзиција што ги спроведе ЕБОР во земјава каде од 620 учесници, 222 беа жени што, според неа, е силен показател дека жените се повеќе присутни во работната сила за енергетската транзиција.

Прашана како институциите можат да поддржат повеќе жени лидери, министерката рече дека кога жените водат проекти, тие не само што испорачуваат резултати, туку отвораат врата за многу други да следат.

-Прво, создавајте реални патеки, не симболични можности. Второ, инвестирајте во жените од рана возраст, особено во STEM образование и технички кариери. И трето – финансирајте проекти водени од жени. Кога жените водат проекти, тие не само што испорачуваат резултати, туку отвораат врата за многу други да следат, истакна Божиновска.

Посочи дека партнерството со меѓународни институции како ЕБОР е клучно за унапредување на инклузивни климатски инвестиции.

-Нашата нова Стратегија за родова еднаквост и човечки капитал се фокусира на области каде овие јазови се највидливи и каде акцијата може да донесе промена: зелената транзиција, дигиталната економија и прашања на глас и влијание. Ако сакаме успешна и одржлива енергетска транзиција, мора да осигуриме дека жените не само што учествуваат во секторот, туку и помагаат да се води и обликува неговата иднина, рече Божиноска и подвлече дека енергетската транзиција може да достигне својот полн потенцијал само ако е инклузивна и ако жените се лидери во процесот на зелена промена.

Порача дека инвестицијата во жените не е само прашање на правичност, туку и стратегиска потреба за иднината на енергетскиот сектор.

-Кога жените водат, тие отвораат пат за многу други, а целата економија напредува, рече Божиновска.

МИА

Може да ви се допадне

„Македонцки феномен“: Туѓиот успех не го инспирира, туку го вознемирува и затоа го омаловажува
Вентилатори и ролетни како решение: Зошто нема повеќе климатски услови во Европа?
МЗШВ: Известување за претпазливост
Петто издание на винскиот фестивал во Охрид
Поради ремонт на пругата Скопје-Зелениково за „Градскиот воз“, од утре времено без возови од Скопје за Велес, Гевгелија и Битола
Претходен напис Трамп бара нов правен основ за казнените царини врз други земји
Следен напис (ВИДЕО) АФПЗРР денеска во Карбинци на средба со земјоделците: Презентација на Програмата за субвенционирање за 2026
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?