Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Босилек – лековито растение со „божествена моќ“ и симбол за добредојде
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Босилек – лековито растение со „божествена моќ“ и симбол за добредојде
Магазин

Босилек – лековито растение со „божествена моќ“ и симбол за добредојде

Објавено 18/03/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Босилекот е зачин, лековито и свето растение, кое во многу региони има посебна важност. Потекнува од Индија, а во Европа во 12 век го донеле монаси. Во минатото се сметало дека босилекот има божествена моќ.

Записите покажуваат дека за босилекот знаеле уште во древен Египет. Римјаните го поистоветувале со љубовта и лојалноста и верувале дека мажот засекогаш ќе ја сака жената од која ќе добие гранче босилек, додека во Индија го негувале како симбол на добредојде.

Како зачин, босилекот им дава вкус на јадењата, го подобрува варењето на тешка храна. Кулинарите го препорачуваат како додаток на јадења од компири, пченка, карфиол и модар патлиџан. Во медитеранската кујна претставува основен дел на сосови и преливи за јадења со тестенини.

Сушениот босилек има посилен вкус од свежиот, па треба да се додава на манџи и разни други јадења од зеленчук, како што се грашок и грав, но и во салати и намази.

И традиционалната медицина ги цени лековитите својства на босилекот. Се користи против кашлица, болести на бубрезите, главоболка и депресија, штити од крвавење, а во вид на чај за намалување на менструалните болки. Сокот од лисјата се користи против настинки, воспаление на ушите и ушното тапанче, против несоница и намалување на нервозата, како и за зголемување на апетитот. Со свеж босилек успешно се лекуваат болни отечени зглобови, а пред сè, зглобови зафатени со артритис. Еугенолот, кој на босилекот му дава препознатлива арома, е клучна состојка која делува против воспаленија.

Чајот од босилек според народните верувања, треба да го пијат доилките, бидејќи го поттикнува создавањето на млеко. Се подготвува така што листовите од сув босилек ќе се прелијат со зовриена вода и се оставаат 10 минути. Овој напиток може да се пие секој ден, но по осум дена треба да се направи пауза од две недели.

Поради седативното дејство, единствено не се препорачува на трудници, како ниту на бебиња помали од шест месеци.

Може да ви се допадне

Летен пинџур
Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Таг:босилек
Претходен напис Николовски: Се бараат алтернативни пазари за производите што се извезуваат во Русија, Украина и Белорусија
Следен напис Куманово почна со изработка на стратегија за рурален развој
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?