„На моја иницијатива, денеска заедно со амбасадорите на С Македонија и претставници на Директоратот за економска дипломатија при МНР, одржавме онлајн состанок на кој ги разгледаме можностите за изнаоѓање на алтернативни пазари за оние производи кои се извезуваат во Русија, Украина и Белорусија.
Во овие тешки времиња на светска криза заеднички, сплотено, ги вложуваме сите сили и напори да им помогнеме на македонските земјоделски производители да ги пласираат своите производи во странство и да најдат нови извозни пазари.“, стои во објавата на министерот Љупчо Николовски.

