Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бонсаи – Основни совети за почетници
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Бонсаи – Основни совети за почетници
Совети

Бонсаи – Основни совети за почетници

Објавено 09/03/2023
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Бонсаи е мало дрво кое расте во саксија или сад. Неговото одгледување, покрај градинарските вештини, бара и уметнички талент.

Уметноста за одгледување дрвја бонсаи започнала околу 200 г.п.н.е во Кина, кога бонсаи се нарекувал пенџинг. Пенџинг или панзаи е всушност античка кинеска уметност за обликување на минијатурни дрвја, растенија и пејзажи.

Постојат неколку легенди за тоа како прв пат се појавило бонсаито. Според една од нив, еден император сметал дека да се патува е многу заморно и исцрпувачко. Затоа, за во секој момент да може да го види секој дел од неговата империја, имал направено минијатурна копија на империјата во дворот на палатата. А за оние кои ќе се обиделе да направат нешто слично, казната била егзекуција.

Подоцна, бонсаито станало статусен симбол. Особено го ценеле од 10-ти до 13-ти век, односно за време на династијата Сонг. Во тоа време започнало и одгледувањето во садови. Тогаш дрвјата најчесто биле обликувани како животни и змејови. Како што се ширела кинеската моќ, така и бонсаито станало дел од културната размена меѓу народите.

Постојат неколку видови дрвја бонсаи, а наједноставната поделба е на:

-бонсаи за одгледување во затворени простории
-бонсаи за одгледување на отворено

Бонсаи дрвја по големина:

кешицубо (3 до 8 см)
шито (од 5 до 10 см)
маме (од 5 до 15 см)
комоно (од 15 до 25 см)
катаде-мочи (од 25 до 46 см)
чумоно / чиу (41 до 91 см)
омоно / даи (76 до 122 см)
хачи-ује (102 до 152 см)
империал (152 до 203 см)

Ако одлучите да купите дрво бонсаи, треба да бидете информирани за одредениот вид што сте го купиле, а подолу се дадени општи совети за одгледување дрвја бонсаи.

Одгледување бонсаи

Бонсаито не толерира температури под 15 степени. Во летните месеци, се препорачува во утринските часови да се чува на директна сончева светлина, а во остатокот од денот во сенка. Треба да стои на повисока позиција. Во зима се препорачува да се стави покрај прозорецот. Важно е да прими доволно сонце (затоа се препорачува да го чувате на јужната страна).

Наводнување

Редовното и правилно наводнување е еден од најважните услови за успех на дрвјата бонсаи. Веднаш треба да се напомене дека земјата во која е засадено дрвото никогаш не треба да се исуши целосно. Од друга страна, дрвото никогаш не треба да се залева премногу. Во зима се препорачува да се наводнува еднаш на секои два дена, а во лето може дури и неколкупати на ден, во зависност од положбата и топлината.

Најдобро е да се наводнува со мал распрскувач

Млака вода е најдобриот избор за наводнување, а и дождовницата е добар избор. Не треба да се наводнува со дестилирана вода затоа што таа ги нема потребните минерали.

Дрвото бонсаи може да се наводнува и со потопување на саксијата во вода околу 5 минути. Откако ќе го извадите садот од водата, погрижете се вишокот вода да се исцеди.

Општо земено, тешко е да се процени колку вода му треба на дрвото бонсаи, тоа најмногу зависи од временските услови, од големината на садот во кој е засадено дрвото и од типот на почвата (подлогата).
На почеток важно е да се проверува почвата на дрвото и според тоа да се наводнува.

Идеално време за наводнување е рано наутро или навечер.

Одржување на бонсаи

Прихранување

Се препорачува прихранување со вештачко течно ѓубриво, односно стандардно растително ѓубриво. Многу е важно да се прихранува, бидејќи бонсаито сака пропустлива почва, што значи дека таквата почва е потешко да ги задржи хранливите материи. Треба да се внимава на количината на ѓубриво што ја користиме. Се препорачува половина од препорачаната количина.

Што се однесува до временскиот интервал помеѓу прихранувањето, во пролет, лето и есен се препорачува двапати неделно, а во зима еднаш месечно. Во лето, на четири недели треба да се направи пауза во прихранувањето.

Режење

Режењето на бонсаито е можеби најкомплицираниот дел од одржувањето на ова растение. Потребно е време и искуство за да бидете успешни во тоа. Подолу се дадени општи упатства за „техниката бонсаи“.

Дрвото треба редовно да се реже бидејќи така му се дава и му се одржува формата. Обично се шири нагоре и нанадвор, што се нарекува апикална доминација. Со редовното кастрење, исто така, се поттикнува растот на внатрешните гранки во близина на стеблото.

Основното режење се прави така што сите израснати делови (кои излегуваат од формата) се сечат со остри ножици. Се закројуваат дебелите и големите гранки. Многу често е тешко да се одлучи кои гранки треба, а кои не треба да се сечат. Сечењето се врши во рана пролет или доцна есен (пред или по периодот на раст на растението).

Пред кастрењето, дрвото треба да се исчисти од суви лисја. По правило, се кастри една од двете спротивни гранки или една од двете гранки што растат паралелно. Исто така, гранките што се сечат со линијата на дрвото треба да се отстранат. Се отстрануваат и гранките на горниот дел од крошната за дрвото да изгледа поскладно. За да се отстранат поголемите гранки (подебелите), потребно е да се користат конкавни клешти (за да се избегне појава на лузна што може да се отстрани со специјална паста).

Пресадување

Кога корените ќе го наполнат садот во кој расте бонсаито, дрвото треба да се пресади. Обично се пресадува на секои 2 до 3 години. Се разбира, треба да се следи растот на дрвото и да се одлучи кога ќе се пресадува. Пресадувањето се изведува во мирен период, т.е. доцна есен или рана пролет. Кратко време по пресадувањето, дрвото треба да се чува на засенчено место.

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Таг:бонсаи
Претходен напис ЈАВЕН ПОВИК за прибирање барања за финансирање за земјоделски производители на храна од животинско потекло од Програмата за финансирање на земјоделски производители на храна за 2023 година
Следен напис ЈАВЕН ПОВИК за прибирање барања за финансирање за земјоделски производители на храна од неживотинско потекло
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?