Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бочварски: Инвестираме преку 135 милиони евра во изградба на нови модерни експресни патишта
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Бочварски: Инвестираме преку 135 милиони евра во изградба на нови модерни експресни патишта
Агровест

Бочварски: Инвестираме преку 135 милиони евра во изградба на нови модерни експресни патишта

Објавено 15/03/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Преку 135 милиони евра инвестираме во изградба на три модерни експресни патишта низ државата. Градежната оператива е комплетно на терен и не очекува силна инвестициска година во модернизација на целокупната патна инфраструктура, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој денеска заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, извршија увид во изградба на експресниот пат кон Прилеп, на делницата Градско – Дреново.

May be an image of road

Должината на оваа делница е 15,5 километри, а инвестицијата е во висина од 24,7 милиони евра.

Изградбата е започната оваа година, а рокот за нејзино завршување е јули 2023 година. Експресниот пат ќе има две возни ленти од 3,5 ленти и две ленти за застанување од 2,5 метри.

Паралелно со оваа делница се гради и втората фаза од овој експресен пат, делница од Дреново до Фариш, за која се инвестира 33,7 милиони евра.

May be an image of outdoors

„Можам да потенцирам дека изминатиот период овој патен правец се гради со несмалено темпо. Изградбата се одвива според предвидената динамика и веруваме дека овие две делници ќе бидат изградени заклучно со рокот 2023 година. Сакам да ги уверам сите, дека работиме упорно на сите овие проекти за да создадеме услови за модерен и безбеден собраќај и развој на Пелагонискиот регион. Средствата за сите проекти се веќе обезбедени и ги правиме сите напори согласно ценовните шокови кои се случуваат, проектите да продолжат да се градат.“ – изјави министерот Бочварски.

May be an image of 6 people, people standing, sky and road

Директорот на ЈП за државни патишта, Рустеми, истакна дека делницата Градско – Дреново се финансира од ИПА фондовите со 21 милион евра и 3,7 милиони евра од буџетот на ЈП за државни патишта.

„На експресниот пат се градат 2 клучни, една кај Градско и другата кај Росоман, потоа 4 вијадукти и по 4 надпатници и подпатници. Ширината на патот е 12,4 метри. Се завршуваат градежните работи кај клучката и надвозникот Градско. Очекуваме овој регион оваа пролет и лето да биде едно големо градилиште и граѓаните набрзо да добијат добра инфраструктура која значи поголема развиеност на регионот.“ – изјави Ејуп Рустеми, директор на ЈП за државни патишта.

May be an image of 6 people, people standing and road

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Спреј од лук и бибер – Најлесниот рецепт за контрола на инсекти
Официјално се означи почетокот на проектот „Имплементација на мерките за организација и уредување на земјоделските пазари“
Таг:бочварски
Претходен напис Прв ден од симулациската вежба за справување со чума кај малите преживари
Следен напис РКЕ денеска ќе носи одлука за нови цени на нафтените деривати
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?