Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Благој Ѓорев“- синоним за квалитет и долгогодишна традиција
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > „Благој Ѓорев“- синоним за квалитет и долгогодишна традиција
Магазин

„Благој Ѓорев“- синоним за квалитет и долгогодишна традиција

Последна измена: 06/01/2020 12:57
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

„Благој Ѓорев“  одбележа 90 години постоење. Оваа македонска компанија е најстар капацитет за производство на масло за јадење во земјава, додека на Балканот влегува во составот на трите најголеми индустриски капацитети за производство на масло за јадење. Својата успешна бизнис-приказна компанијата почнува да ја испишува далечната 1923 година, кога се формира „Благој Ѓорев“ АД од Велес, како фабрика за масло.

Фабриката низ годините континуирано се проширува и технолошки се усовршува, а денес располага со единствен капацитет во Македонија за складирање, чување и преработка на маслодајни семиња. Во 1999 година, „Благој Ѓорев“ се трансформира во прехранбена индустрија поради широкиот асортиман на прехранбени производи во сопствено производство.

„Со задоволство можеме да кажеме дека веќе 90 години производите на ’Благој Ѓорев‘ се дел од речиси секое македонско домаќинство. Маслото за јадење ’кристал‘ и маргаринот во коцка, несомнено, се производите по кои сме најмногу препознатливи, но и другите наши производи полека го наоѓаат патот до срцата на потрошувачите. Производството на здрави и квалитетни производи од домашни суровини е наш императив и нашата главна предност, токму тоа ни овозможи сиве овие години да го задржиме високото место на пазарот и довербата на нашите потрошувачи, која се пренесува од генерација на генерација. И понатаму ќе вложуваме во развој на нови производи и освојување нови пазари, континуирано унапредување на процесот на производство, како и подобрување на квалитетот на нашите производи, за ’Благој Ѓорев‘ да остане синоним за квалитет и долгогодишна традиција, домашен бренд со препознатлив имиџ, кој потрошувачите го преферираат и го сакаат“, велат од „Благој Ѓорев“.

Минатата година компанијата прослави уште еден значаен јубилеј, 45 години откако се произведува маргаринот во коцка – „кристал“. Од овој производ се произведуваат над 1.700 тони годишно. „Благој Ѓорев“ ја освои наградата „Супербренд“ за 2013/2014 година, која го потврдува значењето и силината на брендот „Кристал“ во својата индустрија.

Може да ви се допадне

Македонското макало моментално е најдобриот сос на светот а може да се направи за 5 минути
(ВИДЕО) Лазов: Aко итно не се преземат мерки да се зголемат површините со сончоглед, заради малите количини и нерентабилноста ќе престанеме со откуп
Дали млеката од растителна основа се навистина поздрава? Секогаш проверувајте ги овие состојки на етикетата
Градинарството како лек: Како работата во природа го подобрува менталното здравје и го продолжува животот
Како телото „кажува“ дека има недостаток на витамин Ц?
Таг:Благој Ѓоревдоговорнокомпанијамаслосончоглед
Претходен напис Шапуриќ во Прилеп:Откупувачите се подготвуваат за откуп на тутунот
Следен напис Исплатени 195 милиони денари за субвенции за предадено млеко и за оризова арпа
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?