Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Исплатени 195 милиони денари за субвенции за предадено млеко и за оризова арпа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Исплатени 195 милиони денари за субвенции за предадено млеко и за оризова арпа
Субвенции

Исплатени 195 милиони денари за субвенции за предадено млеко и за оризова арпа

Последна измена: 26/10/2019 12:16
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој ги исплати субвенциите за предадено млеко и за оризова арпа во вредност од вкупно 195 милиони денари.

Од оваа сума 153,4 милиони денари се за редовната субвенција за предадено кравјо, овчо и козјо млеко на 6.742 сточари и 41,4 милиони денари за дополнителната субвенција од 5 денари за предадена оризова арпа на 1.130 земјоделци.

Во следниот период ќе следува исплатата на дополнителните мерки за субвенции за површини со поледелски, градинарски култури, лозови и овошни насади, за грла добиток, за предадени градинарски култури, за домати, за откупена пченица, за предадени јаболка и за заклани свињи поради превенција од болеста африканска свинска чума.

Со средствата кои ги обезбедивме со ребалансот 915 милиони денари ќе бидат насочени за исплата на интервентните мерки и со тоа стигнуваме до сума од близу 7 милјарди денари финансиска поддршка за земјоделството кои ќе бидат исплатени за оваа година.
Исто така, како дополнителна помош за одгледувачите на овци Владата на последната седница донесе одлука за нова дополнителна субвенција за одгледувачите на овци. Дополнителната субвенција е за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет и е во висина од 400 денари по грло. Оваа дополнителна субвенција се носи поради проблемите со висината на цената на јагнето која што ја имаа одгледувачите на овци. За да се намалат загубите на одгледувачите на овци Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство одлучи да воведе нова дополнителна подмерка за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет во висина од 400 денари по грло. Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства одгледувачи на овци и корисници на подмерката 2.7 и кои имаат предадено јагне во регистрирани кланични капацитети во период од 1-ви јануари 2019 година до 30 -ти јуни 2019 година – изјави Раководителот на МЗШВ ПЕ Битола на денешниот прес кој се одржа пред зградата на подрачната единица на МЗШВ Пе Битола

Metodija Ilievski
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Може да ви се допадне

Исплатени субвенции за предадена оризова арпа на регистрирани откупувачи
Исплатени СУБВЕНЦИИ ЗА ТУТУН
АФПЗРР: Денеска исплата на субвенции во овоштарството
Со вчерашната исплата на 292.614.813,00 денари кон 4.574 млекопроизводители, субвенциите за млеко се целосно сервисирани
Исплата на директни плаќања за произведено и предадено млеко за периодот јули-декември 2024 година
Претходен напис „Благој Ѓорев“- синоним за квалитет и долгогодишна традиција
Следен напис Фармери не се мислете, осигурете го добитокот, 60% од полисата ви плаќа државата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?