Иако производството на шеќерна репка во Европа го загрозува евтиниот шеќер произведен од шеќерна трска, а увезен од Бразил, стручњаците велат дека репката во Србија ќе биде засеана на поголеми површини од лани.
Без оглед на околностите, Нандор Ковач, земјоделец од Бечеј, забрзано ги подготвува парцелите за како и секоја година да посее репка.
„Во овој момент реални цени имаат пченката, сојата и пченицата. Ако одите во продавница ќе видите дека шеќерот е шеесет и нешто динари, а тоа е малку. Цената на шеќерот би требало да оди нагоре за шеќераните барем малку да ја подигнат цената на шеќерната репка од овие 34 евра по тон. Оваа година ќе посеам репка на 25 хектари“, вели Ковач.
Шеќерната репка е единствена култура за која полјоделците знаат колку ќе им биде платена. Тие 34 евра за тон репка ќе ги платат и „Суноко“ и „Хеленик Шугар“.
„Шеќерот не се произведува во шеќераните, туку на нивите. Ние би морале да го зголемиме приносот по хектар. Во Франција, Германија, Холандија и Полска, производителите на шеќерна репка по хектар произведуваат од 13 до 14 тони. Ние минатата година остваривме 8 тони по хектар. Наш предизвик е да дојдеме до просечни 10 тони по хектар. Тоа се 60-65 тони шеќерна репка по хектар со дигестија 16. Затоа и ги наградуваме производителите кои имаат поголема дигестија од просечната“, вели Слободан Кошутиќ, генералниот директор на компанијата „Суноко“.
Економскиот новинар Живан Лазиќ вели дека оние кои ќе го преживеат овој тежок период можат во иднина да профитираат на производство на шеќер.
„Србија овде е во добра положба. Во соседството има држави кои ја укинаа или се на само укинување на шеќерната индустрија. Ние во соседството имаме пазар од 700-800 илјади тони. На селаните би им порачал да не трчаат само по оние култури кои моментално имаат добра цена. Тоа е коцкање. Шеќерната репка е важна и за нашето сточарство, за производството на алкохол како и за секторот транспорт“, вели Лазиќ.
Извор: poljoprivreda.info