Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бектеши: За првиот дел од годинава предвидени 15 милиони денари за субвенциониран годишен одмор
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бектеши: За првиот дел од годинава предвидени 15 милиони денари за субвенциониран годишен одмор
Агровести

Бектеши: За првиот дел од годинава предвидени 15 милиони денари за субвенциониран годишен одмор

Објавено 10/03/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

За вработените граѓани со ниски приходи и годинава се предвидени средства за субвенциониран годишен одмор во програмите на Министерството за економија, но за разлика од лани кога за таа намена издвоивме 12 милиони евра заедно со ковид мерката за доделување ваучери за домашен туризам, годинава се одлучивме да одвоиме 15 милиони денари, потврди денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.

– Од 2018 година почнавме со реализација на оваа програма во Министерството за економија за поттикнување на домашниот туризам, но и да им овозможиме простор и на нашите сограѓани кои имаат ниски приходи да користат годишен одмор и да ги посетат нашите туристички дестинации. Претходната година имавме над 12 милиони евра определени за оваа програма заедно со ваучерите кои ги доделивме за домашен туризам, а оваа година согласно буџетот на Министерството и претходно реализираното одлучивме да одиме со 15 милиони денари за првиот дел на годината, рече Бектеши во одговор на прашање при денешната посета на Скопје Ист Гејт заедно со премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

До крајот на годината, посочи, ако се искористат сите средства ќе најдеме други можности и внатре во Министерството за економија, но и преку потенцијален ребаланс на Буџетот на државата да ги надополниме средствата доколку се реализираат стопроцентно.

Нагласи дека лани биле реализирани околу 70 отсто од планираните средства за субвенциониран годишен одмор и за доделување ваучери за домашен туризам како ковид мерка за поддршка на туристичкиот сектор како еден од најпогодените од пандемијата.

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:Бектешигодишен одморсубвенции
Претходен напис Благ пораст на површините под шеќерна репка во Србија
Следен напис Аронија, чудесна бобинка со лековити својства
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?