Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Работна средба со сопствениците на рибници за тековни активности поврзани со спроведување на Програмата за рибарство за 2026 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Работна средба со сопствениците на рибници за тековни активности поврзани со спроведување на Програмата за рибарство за 2026 година
Агровести

Работна средба со сопствениците на рибници за тековни активности поврзани со спроведување на Програмата за рибарство за 2026 година

Објавено 28/10/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој се одржа работна средба со сопствениците на рибници кои аплицираат за финансиска поддршка во рамки на Програмата за рибарство.

На средбата се разговараше за тековни активности поврзани со спроведувањето на Програмата за рибарство за 2026 година и за финализирањето на постапките по инвестицискиот јавен повик од 2025 година.

Беа презентирани и податоци за досегашните исплати за подмирување на заостанатите обврски од 2021, 2022, 2023, 2024 и 2025 година до денес. Истакнато беше дека Агенцијата е во завршна фаза на исплатите по сите мерки а особено по мерката 2.2 – Производство на порибителен материјал за 2025 година.

Посебно внимание беше посветено на предизвиците при спроведувањето на мерките, особено на потребата од попрецизно дефинирање на критериумите и зајакнување на контролата и проверката на пријавените количини порибителен материјал, со цел спречување неправилности и можни злоупотреби. Отворено беше прашањето дали мерката предвидува субвенционирање и директна подршка за произведен порибителен материјал или е овозможено и субвенционирање на увозен порибителен материја.

- Реклама -
Ad image

Беше нагласено дека сите активности предвидени со Програмата за рибарство за 2026 година ќе се реализираат во рамки на расположливите финансиски средства, со одговорно планирање и управување со буџетот.

Воедно, беше истакната определбата до крајот на 2026 година, за првпат по повеќе години, ќе се подмират сите доспеани обврски кон корисниците, без пренесување заостанати неплатени обврски во наредната година.

Агенцијата останува посветена на транспарентно и ефикасно спроведување на мерките преку отворена комуникација со корисниците, јасни критериуми и правична и наменска распределба на финансиската поддршка.

Може да ви се допадне

ОПШТИНИТЕ – Клучни за реализирање на Мерка 7 од ИПАРД: Нема инвестиции без урбанистички план
Воведувањето вињетки драстично ќе го поскапи патувањето, Николоски вели дека преку 70 проценти од возилата не излегуваат од општината во која се регистрирани
Николоски и пред германските компании во земјава го предочи проблемот на транспортерите, побара да лобираат кај нивните власти
АД ЕСМ ќе спроведе редовна годишна ревизија на енергетската инфаструктура во ХЕЦ Шпилје, неколку часа без струја Дебар, Центар Жупа и Маврово-Ростуше
Домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на струја во август
Таг:иротоваплатежна
Претходен напис Воведувањето вињетки драстично ќе го поскапи патувањето, Николоски вели дека преку 70 проценти од возилата не излегуваат од општината во која се регистрирани
Следен напис ОПШТИНИТЕ – Клучни за реализирање на Мерка 7 од ИПАРД: Нема инвестиции без урбанистички план
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?