Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ОПШТИНИТЕ – Клучни за реализирање на Мерка 7 од ИПАРД: Нема инвестиции без урбанистички план
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ОПШТИНИТЕ – Клучни за реализирање на Мерка 7 од ИПАРД: Нема инвестиции без урбанистички план
АгровестиИПАРД

ОПШТИНИТЕ – Клучни за реализирање на Мерка 7 од ИПАРД: Нема инвестиции без урбанистички план

Објавено 28/10/2026
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Инвестиции и изградба на фарми, објекти за преработка, подигнување на долгогодишни насади, набавка на специјализирани возила и изградба на современа инфраструктура во руралните подрачја се само дел од инвестициите кој како можности ги нуди ИПАРД 3 програмата за развој на македонското земјоделство.

Општините имаат важна улога во реализирањето на ИПАРД програмата преку навремено издавање на градежни дозволи и подготовка на урбанистичките документи кои им се потребни на апликантите за користење на поддршка од ИПАРД програмата.

 Доколку апликантот планира изградба или реконструкција мора до аплицирањето, до поднесувањето на документите да има правосилно одобрение за градба или реконструкција.

Ова е воедно и најголемиот проблем или пречка за сите што имаат идеја, желба и финанси да аплицираат бидејќи најголемиот дел од руралните средини не се урбанизирани.

- Реклама -
Ad image

Од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој информираа дека во декември ќе се објави повик за три мерки од ИПАРД – Мерка 1, Мерка 3 и Мерка 7.

Во продолжение основни информации за Мерка 7 – „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ од ИПАРД III програмата.

КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА

На јавниот повик може да аплицираат физички и правни лица кои ги исполнуваат критериумите за подобност.

  1. Физички лица
    • Со или без регистрирана дејност
  2. Правни лица
    • Микро и мали претпријатија
    • Најмногу 50 вработени
    • Годишен приход најмногу до 10 милиони евра
  3. Задруги
  4. Здружени правни лица

ВИСИНА НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА

Поддршката преку оваа мерка е во форма на неповратен грант кој покрива 60% од прифатливите трошоци во рамки на инвестицијата.

Максималната финансиска поддршка што може да се додели на поединечен проект изнесува до 600.000 евра.

Минималниот износ на вкупни прифатливи трошоци изнесува 10.000 евра. Проектни апликации со вкупен буџет помал од 10.000 евра нема да се разгледуваат.

ВИДОВИ НА ПРИФАТЛИВИ ИНВЕСТИЦИИ

Со ИПАРД можете да инвестирате во целосно опремување на објекти за рурален туризам, изградба на нови објекти и/или реконструкција и адаптација на постојни објекти.

Прифатливи се инвестициите во:

  • Туристичко сместување во внатрешен простор (соби, апартмани, ноќевање и појадок, само-угостителски колиби)
  • Туристичко сместување на отворено (кампови, бунгалови, камп-приколки)
  • Угостителска дејност (готвење и служење на храна)
  • Комбинирани услуги – сместување и угостителски услуги
  • Обезбедување на простории за дегустација, продажба и директен маркетинг на производите
  • Рурални музеи (згради и изложбени предмети за разгледување на историски, природни, традиционални, образовни, земјоделски и други добра од руралните средини, како и ботанички и зоолошки градини)
  • Обезбедување на простории за семинари и обуки, едукативни фарми
  • Обезбедување на рекреативни активности за туристите

ПРИФАТЛИВИ ТРОШОЦИ

Во рамки на предлог-проектите може да се аплицира за неповратни 60% од вкупните трошоци за:

  • Набавка на нова опрема за сместувачки капацитети (мебел, апарати и друга опрема за санитарен дел, административен дел, заеднички простории итн.)
  • Набавка на нова опрема за угостителство и кујнска опрема, вклучувајќи кујнски и угостителски прибор
  • Опремување на рекреативни и спортски објекти (отворени и затворени)
  • Набавка на опрема и машини за уредување на дворови, декорација на градини, патеки, фонтани, надворешно осветлување, надворешни скари, затворени градини, летниковци, видиковци, маси и седишта за пикник итн.
  • Набавка и поставување на фотоволтаици за сопствени потреби
  • Компјутерска опрема и софтвер

Покрај опрема и машини, може да се инвестира и во изградба на нови или реконструкција/реновирање на постоечки објекти кои ќе се користат како сместувачки капацитети или угостителски објекти, и тоа:

  • Набавка на градежни материјали и елементи за издрадба на нови објекти или реконструкција и адаптација на постоечки објекти (згради и инфраструктура за целосно функционален капацитет)
  • Обезбедување на пристап, уредување и оградување
  • Сите потребни работни операции и услуги (уривање, подготовка на терен, градежни работи, реконструкција, занаетчиски активности, транспорт и монтажа, инсталациски работи, подготовка на земјиште и пристапни патишта, садење и расадување)

ПРИФАТЛИВИ ЛОКАЦИИ

Основен предуслов за аплицирање е локацијата на која е планирано да се реализира инвестицијата да се наоѓа во рурална средина, односно населено место со помалку од 30.000 жители. Живеалиштето на физичкото лице или седиштето на правното лице кое аплицира може да биде и во друго населено место, важна е локацијата на инвестицијата.

Прифатливи локации се селата во Македонија, но и градовите: Берово, Богданци, Валандово, Виница, Гевгелија, Дебар, Делчево, Демир Капија, Демир Хисар, Кавадарци, Кичево, Кочани, Кратово, Крива Паланка, Крушево, Македонска Каменица, Македонски Брод, Неготино, Пехчево, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Свети Николе и Струга.

Инвестициите треба да се реализираат на имот кој е во сопственост на корисникот.

Во случај на инвестициски проекти, кои се реализираат на имот кој не е во сопственост на корисникот потребно е да се прикаже документ (договор за закуп/концесија) со кој се докажува право на користење на имотот кој е предмет на инвестицијата, за период од најмалку 7 години од денот на поднесување на барањето за финансиска поддршка. Договорот за закуп/концесија, времетраењето и површината на која се однесува договорот задолжително треба да биде впишан во имотниот лист.

Да напоменеме и тоа дека ИПАРД е поврат на средства по инвестирање. Значи прво ја реализирате инвестицијата, поднесувате извештај, доаѓа контрола на терен и доколку е се во ред, Платежна ви ги исплаќа парите.

Новина за ИПАРД 3 е можноста за авасна исплата до 50 отсто од финансиската поддршка, веднаш по потпишување на договорот.

-Тоа, низ пример, значи дека ако се конкурира со проект вреден 100.000 евра за мерка каде повратот на инвестицијата е 60 отсто, апликантот, преку авансното финансирање, со склучување на ИПАРД договорот ќе добие до 50 проценти од средствата или 30.000 евра однапред.

[email protected]

Може да ви се допадне

Пријавен јачмен, а на терен – базен, објекти, необработени површини и тревна вегетација!
Работна средба со сопствениците на рибници за тековни активности поврзани со спроведување на Програмата за рибарство за 2026 година
Воведувањето вињетки драстично ќе го поскапи патувањето, Николоски вели дека преку 70 проценти од возилата не излегуваат од општината во која се регистрирани
Николоски и пред германските компании во земјава го предочи проблемот на транспортерите, побара да лобираат кај нивните власти
АД ЕСМ ќе спроведе редовна годишна ревизија на енергетската инфаструктура во ХЕЦ Шпилје, неколку часа без струја Дебар, Центар Жупа и Маврово-Ростуше
Таг:ипардмерка 7општина
Претходен напис Работна средба со сопствениците на рибници за тековни активности поврзани со спроведување на Програмата за рибарство за 2026 година
Следен напис Пријавен јачмен, а на терен – базен, објекти, необработени површини и тревна вегетација!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?