Бактериската болест Syndrome Basse Richesse (SBR), односно синдром на ниска содржина на шеќер, сè повеќе се шири во полињата со шеќерна репка во Германија, јавува Аgrarheute.
Минатата година оваа болест уништила 20.000 хектари од оваа полјоделска култура. Загрижува фактот што оваа бројка е двојно зголемена оваа година, бидејќи дури 40.000 хектари сега се погодени од инфекцијата.
Болеста сè повеќе се шири во југозападниот дел на Германија. И во Франција предизвика големи штети во последните неколку години. Локалните земјоделци изгубиле до 50 проценти од своите приноси како резултат на оваа болест.
Како да се препознае?
Симптомите на оваа болест се манифестираат на растенијата преку жолтите листови, што резултира со послабо спроведување на фотосинтезата. Тоа на крајот значи 20 до 40 проценти помалку шеќер.
Треба да се напомене дека носители на инфекцијата се цикади. Овие инсекти се класифицираат како загрозен вид, па на експертите не им е јасно зошто имало масовна инфекција на шеќерна репка.
Инсектицидите кои се користеле во заштитата имале ограничен ефект врз цикадите во почвата, а против бактериите не може да се бориме со хемиски методи. На производителите главоболки им создаваат и лисните вошки, кои го пренесуваат вирусот на жолтица, а неоникотиноидите за нивно сузбивање се забранети.
Во Германија е започнат проектот Penta-Resist со цел да се разјасни како делува симбиозата помеѓу цикадите и бактериите и како тие влијаат на шеќерната репка. Целта е да се развијат идни мерки за заштита. Проф. д-р Мајкл Ростас од Универзитетот во Готинген се надева дека ќе успее да идентификува што ги привлекува штетниците да ја пронајдат репката. Според него, тоа би можело да помогне во развој на заштитни методи. Покрај тоа, долгорочна цел на проектот е да се најдат отпорни сорти на споменатата бактерија.
Бактеријата што предизвикува синдром на низок шеќер се повеќе се шири на полињата со шеќерна репка во југозападна Германија. Оваа бактериската болест веќе уништи 40.000 хектари од оваа култура.
Извор: agroklub.com