Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Деспотовски: Инвестираме 15 милиони евра во инфраструктура, ќе помогнеме и во локален развој
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Деспотовски: Инвестираме 15 милиони евра во инфраструктура, ќе помогнеме и во локален развој
Агровести

Деспотовски: Инвестираме 15 милиони евра во инфраструктура, ќе помогнеме и во локален развој

Објавено 21/05/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во рамки на новиот концепт, ТИРЗ ги проширува можностите за инвестирање и на локално ниво како и отворање заеднички зони со општините со државна поддршка.

Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски со градоначалниците на Валандово и Гевгелија, Перо Костадинов и Сашо Поцков, ја започна серијата разговори со повеќе општини, чија цел е развој на модел за привлекување на домашни и странски инвестиции на локално ниво.

„Со општините разговараме како да ги вклучиме и нив и заедно да ги подобриме условите за инвеститорите на локално ниво. Сакаме искуството коешто го имаме со странските инвеститори во ТИР зоните да го развиеме на локално ниво за домашни компании. Во партнерство со општините да вложуваме во подобрена инфраструктура со која ќе привлечеме квалитетни инвеститори кои ќе донесат добро платени работни места, особено за младите во Југоисточниот и Вардарскиот регион,” порача Деспотовски.

Валандово веќе има две индустриски зони, а Деспотовски и Костадинов разговараа и за отворање на трета индустриска зона со државна поддршка. Двајцата беа во посета на индустриската зона „Јосифово” и компаниите “ВИК – МАР” која се занимава со откуп и транспорт, како и млекарата “Вардарец”.

„Сакаме директно да ги слушнеме потребите на домашните бизнисмени со цел да креираме подобри услови за нив и да ги поттикнеме да инвестираат овде, дома. Ова е практичен чекор на изедначување на домашните и странските компании што е дел од новиот концепт на ТИРЗ. И нашите домашни компании ќе ги уживаат истите услуги, поддршка и привилегии, како и странските,” нагласи Деспотовски.

Директорот на ТИРЗ најави дека во повеќе зони веќе се спроведува инвестициски циклус од 15 милиони евра во основна инфраструктура, како и дека се изготвува студија за оправданост за ТИРЗ Гевгелија со која треба оваа за сега неактивна зона да се стави во функција. Градоначалникот на Гевгелија, Поцков изјави дека општината веќе вложува во инфраструктура до зоната со што ќе се забрза реализацијата на плановите за активирање на оваа зона.

Консултациите со други општини ќе продолжат и во наредните денови. Овој процес треба да резултира и со измени во законската регулатива со што значително ќе се олесни инвестирањето на државата во инфраструктурата на индустриските зони на локално ниво.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ТИРЗ
Претходен напис Вакцинација во ресторан, а потоа порција гулаш од дивеч и вол на ражен
Следен напис Бактериска болест во Германија уништила 40.000 хектари шеќерна репка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?