Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Се затвораат сите ковид центри на скопските Интерни клиники, позитивните пациенти ќе се примаат само на Институтот за ТБЦ и на Инфективна
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Се затвораат сите ковид центри на скопските Интерни клиники, позитивните пациенти ќе се примаат само на Институтот за ТБЦ и на Инфективна
Агровести

Се затвораат сите ковид центри на скопските Интерни клиники, позитивните пациенти ќе се примаат само на Институтот за ТБЦ и на Инфективна

Објавено 21/05/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Поради намалениот број на пациенти, од денеска се затвораат сите ковид центри на Интерните клиники и во Комплексот Мајка Тереза, ковид позитивни пациенти ќе примаат само во Институтот за ТБЦ и Клиниката за инфективни болести, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани осум нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 142 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, како што соопшти Министерството, на Интерните клиники имало два приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало двајца примени пациенти и четворица биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 22 оздравени пациенти. Во ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 25 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 49 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 67 пациенти.

Вкупно 142 пациенти потврдени и сомнителни за ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите, како што посочуваат од Министерството, се на кислородна поддршка.

– Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 150 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места, наведуваат од МЗ и посочуваат дека сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 237 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

– По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 26 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 28 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 4 пациенти, во Велес се лекуваат 24 болен, а во Куманово 43 пациент позитивeн и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 29 пациенти, во Прилеп 16, во ковид центарот во Гостивар 7, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 14 пациент, во Кочани 7 во Кичево 9, Кавадарци 7, а во Гевгелија 3 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти, наведуваат од Министерството.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 379 и има околу 614 празни болнички кревети во ковид центрите. Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

– Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, се вели во соопштението.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ковид центри
Претходен напис Бактериска болест во Германија уништила 40.000 хектари шеќерна репка
Следен напис Се чистат речните корита и поројот во општина Василево
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?