Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бабура, што се (не)знаеме за неа?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Бабура, што се (не)знаеме за неа?
Магазин

Бабура, што се (не)знаеме за неа?

Објавено 13/09/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Тешко е да се одреди времето, а понекогаш и местото на потекло на кое било растение, но се верува дека црвената пиперка потекнува од Јужна Америка. Шпанците ја донеле во Европа уште во 15 век, од каде го нашла својот пат до Турција.

Името пиперка доаѓа од зборот „папарка“, како што ја нарекувале Турците и Бугарите?

Пиперката за првпат била спомената во записите од 1953 година како „храна за сиромашните луѓе“. Денес оваа предрасуда е разбиена затоа што пиперката се користи во најдобрите јадења.

Постојат голем број сорти пиперки, но обично ги делиме на слатки и лути. Бабурата е слатка сорта, таа не содржи капасаицин, материја што го дава лутиот вкус на пиперките.

Името на англиски, „bell pepper“ бабурата го добила од едноставна причина – на англиски, „bell“ значи ѕвонче, и поради нејзиниот изглед, оваа придавка ѝ била додадена на бабурата.

Многумина веруваат дека единствената разлика помеѓу црвената, портокаловата, жолтата и зелената бабура е само во бојата.

Сепак, бојата не е единственото нешто што ги разликува.

Што значи бојата на пиперката?

Постојат две главни причини одговорни за разликата во бојата на пиперките – времето на сеење и степенот на зреење.

Точно е дека зелените пиперки ја претвораат бојата во жолта или портокалова, а потоа и во црвена, но тоа не е секогаш така.

Факт е дека жолтите, портокаловите и црвените бабури се многу позрели од зелените, но и поскапи. Тие мора да се одгледуваат подолго пред да почнат да се берат.
Важно е да се нагласи дека сите бабури потекнуваат од ист вид растенија, а нивната различна боја е последица на природен процес, а не некаков вештачки метод.

Зелена или „незрела“ бабура

Зелените бабури се берат пред да бидат целосно зрели, поради што се нарекуваат и „незрели“.

Поради раното берење, зелените бабури имаат малку горчлив вкус.
И покрај тоа што се собрани рано, имаат неколку витални хранливи материи.

Полни се со калиум, кој е важен за мускулите и крвниот притисок. Богати се со витамин Ц, кој е добар за раст и обновување на ткивата, го подобрува имунитетот и спречува појава на рак. Исто така има витамин А, кој помага во работата на белите дробови, и е добар за видот и имунолошкиот систем.

Црвена бабура

Оваа бабура се смета за целосно зрела бидејќи се бере во доцна фаза на зреење. Слаткиот, речиси „овошен“ вкус е она што ја прави специфична.

Црвената бабура ги има истите хранливи материи како и зелената, но поголем процент од нив.

Содржи 11 пати повеќе бета-каротин, двојно повеќе витамин Ц и 10 пати повеќе витамин А од зелените бабури.
Покрај хранливите материи што можете да ги најдете и во зелените, црвената бабура содржи и ликопен, антиоксиданс пигмент познат по тоа што спречува одредени видови на рак, како што е ракот на дојката или простатата.

Жолта или портокалова бабура – „тинејџерка“

Портокаловите и жолтите бабури се средно зрели, се берат по зелените пиперки и пред црвените.

Овој вид бабура нема горчлив вкус како зелената, а количината на хранливи материи се разликува и од црвената и од зелената – тие имаат повеќе хранливи материи од зелената, а помалку од црвената.

И жолтата и зелената бабура се здрави, но постојат разлики кога станува збор за хранливи материи. Жолтите имаат речиси двојно повеќе витамин Ц од зелените, но затоа содржат помалку витамин А и бета-каротин.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:бабура
Претходен напис Африканска свинска чума повторно во соседството, Србија пријави 40 нови случаи
Следен напис Незгодите на нивите можат да бидат трагични – што може да се стори за да не дојде до тоа?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?