Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) денес објави нов јавен повик за доделување на финансиска поддршка за набавка на специјални комбајни за жнеење на ориз со сецкалици и/или мобилни сушари за ориз.
Крајниот рок за доставување на барањата е 14.11.2024 година.
КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА
За финансиска поддршка преку мерка 121 може да аплицираат земјоделски стопанства регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС) во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).
Физички лица:
- Индивидуален земјоделец – носител на земјоделско стопанство вршител на земјоделска дејност согласно Закон за вршење на земјоделска дејност
- Индивидуален земјоделец – носител на земјоделско стопанство кој се стекнал со статус на осигуреник согласно Закон за пензиско и инвалидско осигурување
- Индивидуален земјоделец – носител на земјоделско стопнаство кој се занимава со земјоделство како дополнителна дејност
- Трговец поединец – регистриран согласно Закон за трговски друштва
Правни лица:
- Трговски друштва – регистрирани согласно Закон за трговски друштва
Секој барател мора да има минимум производствен капацитет од најмалку 1 ха површина под ориз запишан во ЕРЗС.
Барателите треба да го ажурираат статусот и податоците на земјоделското стопанство во ЕРЗС преку Подрачната единица (ПЕ) на МЗШВ.
ВИСИНА НА ГРАНТ
Финансиската поддршка се исплаќа во вид на ко-финансиран грант во висина од 50% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци, во максимален износ до 600.000 денари.
Висината на ко-финансирање се зголемува до:
- 55% за инвестиции поднесени од млад земјоделец, носител на земјоделско стопанство на возраст од 18 до 40 години на денот на поднесување на барањето
- 60% за инвестиции во земјоделско стопанство кое се наоѓа во подрачје со ограничени можности
- 65% за инвестиции поднесени од млад земјоделец, носител на земјоделско стопанство кое се наоѓа во подрачје со ограничени можности
- 75% за инвестиции во недостапни рурални заедници
ПОСТАПКА ЗА ИЗБОР НА КОРИСНИЦИ
Изборот на корисници се врши со проверка на исполнување на условите за користење на средства за инвестиции предвидени со мерката 121.
Показател | Бодови |
---|---|
Доколку вкупната вредност на инвестицијата не надминува 1.500.000 денари | 15 |
Доколку вкупната вредност на инвестицијата е помеѓу 1.500.001 и 3.000.000 денари | 10 |
Доколку вкупната вредност на инвестицијата е помеѓу 3.000.001 и 6.000.000 денари | 5 |
Доколку носителот на земјоделското стопанство, односно едно од одговорните лица на правното лице е на возраст од 18 до 40 години на денот на поднесување на барањето, или Доколку носителот на земјоделското стопанство односно едно од одговорните лица на правното лице е жена | |
Доколку носителот на земјоделското стопанство е индивидуален земјоделец кој е регистриран согласно Закон за вршење земјоделска дејност, односно Законот за пензиско и инвалидско осигурување, или е правно лице регистрирано за вршење на примарна земјоделска дејност | 50 |
Доколку инвестицијата е наменета за обработка на површини за житни и индустриски култури до 10 ха и над 10 ха | 100 |
Доколку инвестицијата е наменета за обработка на површини за житни и индустриски култури помалку од 10 ха | 70 |
За да биде прифатлив, корисникот на поддршка треба да добие најмалку 51 бод.
Барањата со ист број на бодови ќе се рангираат според датумот и времето на поднесување на електронското барање (принцип „прв дојден прв услужен“).
За повеќе информации и подготовка на барања јавете се на телефонскиот број
📞 071 285 385
или испратете e-mail на [email protected]