Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Аронија, чудесна бобинка со лековити својства
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Аронија, чудесна бобинка со лековити својства
Растително производство

Аронија, чудесна бобинка со лековити својства

Објавено 10/03/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Аронијата припаѓа на културите со висока содржина на растителни феноли, поради што е исклучително лековита.

Оваа листопадна грмушка расте во височина од околу 2-3 метри и 2.5 метри ширина. Лисјата се овални, назабени околу ивицата, во вегетацијата се темно зелени. Аронијата е растение кое сè повеќе се шири, успева во многу различни климатски подрачја.

Успева на места со повисока влажност на почвата, и на почви со висока потпочвена вода, но може да успева и на каменести површини со малку земја. При подигнување на насади треба да се избегнуват екстремно суви песокливи и збиени многу влажни почви.

Стеблото и цветот се доста отпорни на мраз, а посериозно оштетување од мраз може да се случи при температура од -23 во почетокот на зимата или -30 во средина на зимата. Поединечните цветови се со бела боја и собрани во гроздови. Гроздовите најчесто се состојат од 10-15, а на врвовите на ластарите и до 30 цветови. Цветањето трае околу 10 дена, а секој цвет поединечно цвета само 5 дена.

Воглавно цветовите ги опрашуваат пчелите, а можно е и опрашување со ветер, но аронијата е самооплодно растение.

Плодовите се ситни, округли со виолетово црвена до црна боја, тежината на една бобинка изнесува од 1,0 до 1,5 гр. Месото на плодот има интезивно црвена боја со слатко киселкаста арома која потсетува на боровинка. Аронијата особено се одликува со висока содржина на антоцијан, природен извор на боја, многу барана во прехранбената индустрија и содржи висока количина на витамини. Се смета за лековито овошје.

Плодовите најчесто зреат во исто време така што е потребна само една берба. Зрее во почетокот и средина на јули, а на повисоки места со поголема надморска висина дури и во почетокот на август. После бербата плодовите пожелно е што побрзо да се преработаат или да се замрзнат.

Старосниот век на аронијата се проценува на околу 20 години.

Аронијата е богата со антиоксиданси, флавоноиди, минерали во трагови, фолна киселина и витамини Б, Ц и Е. Поради високата концентрација на антиоксиданси и витамин Ц и Е, аронијата делува антивирусно, антибактериски и антивоспалително. Аронијата е богата и со антоцијани (антиоксиданси) кои го зајакнуваат имунитетот, го намалуваат ризикот од рак и го успоруваат стареењето.

Аронијата спречува појава на кардиоваскуларни болести, го намалува крвниот притисок и холестеролот, а позитивно влијае на зголемување на „добриот“ холестерол. Таа ја стимулира работата на црниот дроб и помага кај луѓе кои имаат жолчни камења. Исто така благотворно делува врз подобрување на варењето и работата на целокупниот дигестивен тракт. Ги намалува грчевите во цревата, помага кај воспаленија на цревната слузница, но помага и при дијареа. Аронијата е корисна и кај заболувања на мочните патишта.

Ова овошје помага и за слабеење и одржување на здрава телесна тежина.


Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Култивирано одгледување на ароматични, зачински и лековити растенија: Одржлива и доходовна можност за современо земјоделство
Таг:аронија
Претходен напис Бектеши: За првиот дел од годинава предвидени 15 милиони денари за субвенциониран годишен одмор
Следен напис Висина на субвенциите за 2021 година за одржување на постоечки овошни насади со јаболка, круши, сливи, дуњи и мушмули
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?