Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Висина на субвенциите за 2021 година за одржување на постоечки овошни насади со јаболка, круши, сливи, дуњи и мушмули
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Висина на субвенциите за 2021 година за одржување на постоечки овошни насади со јаболка, круши, сливи, дуњи и мушмули
Субвенции

Висина на субвенциите за 2021 година за одржување на постоечки овошни насади со јаболка, круши, сливи, дуњи и мушмули

Објавено 10/03/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Согласно Уредбата за директни плаќања за 2021 година на корисници, за одржување на постоечки овошни насади со јаболка, круши, сливи, дуњи и мушмули, објавена во Сл. Весник на РСМ бр.12/2021, детално ви ги претставуваме поблиските критериуми за директни плаќања, кој може да биде корисник на средствaта, максималните износи и начинот на директните плаќања за оваа година.

Мерка 1.7: Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки овошни насади (јаболка, круши, сливи, дуњи и мушмули)

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат минимум 0,2 ха површина со постоечки овошни насади за секој овошен вид посебно и се регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства;

-Прифатлив минимален број на овошки по хектар за за постоечки производни овошни насади, за секој од наведените овошни видови одделно е даден во следната Табела која е составен дел на оваа уредба;

Табела за минимален број на овошки – садници по хектар за постоечки производни овошни насади по овошни видови

Ред. бројОвошен видПрифатливиот број на садници по хектар е над
1.јаболка400
2.круши330
3.дуњи500
4.мушмула550
5.слива330

–Висината на директните плаќања за јаболка, изнесува 41.000 денари по хектар, односно 50.000 денари по хектар за земјоделски стопанства со пријавена површина за финансиска поддршка од минимум 1 хектар до максимум 5 хектари;

–Висината на директните плаќања за сливи, изнесува 36.000 денари по хектар, односно 42.600 денари по хектар за земјоделски стопанства со пријавена површина за финансиска поддршка од минимум 1 хектар до максимум 5 хектари;

–Висината на директните плаќања за круши, изнесува 33.000 денари по хектар, односно 39.600 денари по хектар за земјоделски стопанства со пријавена површина за финансиска поддршка од минимум 1 хектар до максимум 5 хектари;

–Висината на директните плаќања за дуњи и мушмули изнесува 25.000 денари по хектар, односно 30.000 денари по хектар за земјоделски стопанства со пријавена површина за финансиска поддршка до минимум 1 хектар и максимум 5 хектари;

-Висината на директните плаќања определени со оваа уредба, со оваа подмерка се намалува со зголемување на пријавените површини и тоа за секој вид одделно: од 0,2 ха до 5 ха 100%, од 5,1 ха до 30 ха 60%,  и над 30 ха 30%.

Спроведувањето на мерките за директни плаќања по површина се врши, врз основа на поднесени барања кои треба да содржат податоци за површината на катастарските парцели евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства до 15 март 2021 година. Максималната дозволена површина на катастарските парцели за кои се поднесува барање е дополнително ограничена со површината евидентирана во Системот за идентификација на земјишните парцели со состојба на 15 март 2021 година.

Пријавувањето за субвенции за 2021 година се очекува да започне во почеток на месец април.

Може да ви се допадне

Над 40 милиони евра се префрлени на 9.565 земјоделци во рамките на еко-шемата за зачувување на потенцијалот на почвата
Уапсени вкупно 39 лица во Грција за скандалот со европските земјоделски субвенции – нелегално се стекнале со над 7,5 милиони евра
ММФ предупредува дека широките субвенции и замрзнувањето на цените можат да ја продлабочат кризата
Исплата на субвенциите за тутун – првата недела во јуни, најави директорката Иротова
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Таг:овошни насадисубвенцииУредба 2021
Претходен напис Аронија, чудесна бобинка со лековити својства
Следен напис МЗШВ: Пчелари со регистрирани минимум 10 презимени пчелни семејства, ќе имаат право да аплицираат за субвенции
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?