Полека ја заокружуваме 2024 година. Зад нас е една успешна година во која постигнавме исклучителни резултати. Унапредувањето на земјоделството е голем предизвик, кој води кон перспективен живот во сите краишта на Република Македонија. Грижата за земјоделецот ја покажуваме на дело, велат од Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој.
Во нивната објава понатаму се вели:
Со исклучителна заложба на вработените во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој предводени од менаџментот, успеавме да оствариме историски резултати во реализација на мерките за финансиска поддршка.
Оваа година имаме рекордна исплата на средства од Програмата за Финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година во износ од 8,4 милијарди денари што е за 400 милиони денари повеќе од она кое претставува историски најголем резултат. Само во последните 6 месеци се исплатија над 4,3 милијарди денари кон земјоделците.
Финансиска поддршка добија земјоделците за следните мерки:
Програма за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година | |
1.1 Директни плаќања по обработлива површина за сите поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија | 393 милиони денари на 23.629 корисници |
1.2 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.1. за употреба на сертифициран семенски материјал,освен за тутун како и употреба на сертифициран или несертфициран семенски материјал за ориз | 233 милиони денари на 9.174 корисници |
1.4 Директни плаќања по обработлива површина за градинарско производство и цвеќе на отворено и во пластеници | 83,5 милиони денари на 10.727 корисници |
1.8 Директни плаќања по обработлива површина за одржување на постоечки овошни насади | 118 милиони денари на 8.729 корисници |
1.11 Директни плаќања по обработлива површина за одржување на постоечки лозови насади | 146 милиони денари на 13.414 корисници |
1.14 Директни плаќања за договорен и продаден ориентален ароматичен необработен тутун од реколта 2023 година, како и дополнителни директни плаќања за оваа мерка | над 1,4 милијарди денари на 14.530 корисници |
2.1 Директни плаќања за обележани женски грла говеда постари од 12 месеци | 201 милион денари на 6.189 корисници |
2.2 Директни плаќања за произведено и продадено кравјо, овчо и козјо млеко | 312 милиони денари на 4.534 корисници |
2.8 Директни плаќања за обележани грла овци постари од 12 месеци | 182 милиони денари на 2.058 корисници |
2.10 Директни плаќања за обележани грла кози постари од 12 месеци | 32,5 милиони на 433 корисници |
3. Помош за премии за осигурување | 50 милиони денари |
8.Помош за поддршка на трошоци за набавка на гориво за земјоделска механизација за земјоделски стопанства | 370 милиони денари |
Заостанати обврски од претходните години | 4,8 милијарди денари |
За првпат во ист ден земјоделците добија средства за основната мерка 1.1 и дополнителната мерка 1.2 за користење на сертифициран материјал.
За подобрување на пристапот за информации до крајните корисници за првпат воведовме следење на текот на барањето и преземање на решенијата за исплата по електронски пат преку системот за поднесување на барања за директни плаќања.
Дополнително, ги реализиравме и следните Програми:
Програма за поттикнување на потрошувачката на свежо овошје за 2024 година | |
Финансиска поддршка за откуп, дистрибуција и пакување на кајсии, праски, сливи, крупи, јаболки од реколта 2024 година произведени во РСМ | 30 милиони денари |
Програма за спроведување на интевентен фонд за земјоделството за 2024 година | |
Финансиска поддршка за предаден сончоглед, откупено винско грозје, продадено производство на пченица и слива | 380 милиони денари |
Програма за финансиска поддршка на органско земјоделско производство за 2024 година | |
Заостанати обврски од претходните години | 183 милиони денари |
Програма за финансиска поддршка на рибарството и аквакултурата за 2024 година | |
Финансиска поддршка за рибарство и аквакултура | 35 милиони денари |
Програма за социјална сигурност на жените кои вршат земјоделска дејност за 2024 година | |
Деветмесечен надоместок за мајчинство на жените кои имаат статус на осигуреник, индивидуален земјоделец | 181.000 денари |
Агенцијата продолжи со реализација и на мерките од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2024 година, преку која на корисниците исплати вкупно 630 милиони денари. Најголем дел од исплатените средства беа за следните мерки од програмата:
Програма за финансиска поддршка на руралниот развој за 2024 година | |
112 Помош на млади земјоделци за започнување со земјоделска дејност | 4,5 милиони денари |
115 Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство | 4 милиони денари |
121 Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства | 350 милиони денари |
124 Инвестиции во инфраструктура за развој на земјоделството, шумарството и водостопанството и заштита од природните непогоди | 45 милиони денари |
213 Помош за зачувување на руралните предели и нивните традиционални карактеристики | 20 милиони денари |
214 3ачувување на генетската разновидност на автохтони раси на добиток | 13 милиони денари |
322 Обнова и развој на селата и 323 Зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја | 31 милион денари |
Мерките за техничка помош | 130 милиони денари |
Во рекордно време беа обработени барањата по јавните повици кои беа објавени во 2024 година. За набавка на специјализирани комбајни за жнеење на ориз со сецкалици и/или мобилни сушари за ориз само за две недели од поднесување на барањата беа склучени 57 договори со вкупна вредност од над 34,1 милион денари.
Во следната година продолжуваме посветено да работиме на инвестиции кои ќе ги подобрат условите за работа на земјоделските стопанства, преку нивно модернизирање и подобрување на условите во руралните средини, како и со мерки за мотивирање младите да започнат да се занимаваат со земјоделска дејност.
Агенцијата успешно ја спроведува и ИПАРД Програмата. ИПАРД е фонд на Европската унија за поддршка и развој на земјоделството. Со оглед на успешната имплементација на ИПАРД II (2014-2020 година), Европската комисија ја прогласи Македонија за лидер во искористеност на ИПАРД средствата во регионот со вкупна вредност на исплатената финансиска поддршка за реализираните договори од околу 4,2 милијарди денари, односно 68 милиони евра што е 85% искористеност од буџетот на Програмата. Оваа програма се реализираше преку следните мерки:
ИПАРД II Програма 2014-2020 | |
Мерка 1, Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства | 1,4 милијарди денари (23 милиони евра) |
Мерка 3, Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи | 1,8 милијарди денари (30 милиони евра) |
Мерка 7, Диверзификација на фармите и развој на бизниси | 1 милијарда.денари (15 милиони евра) |
Мерка 9, Техничка помош | 20 милиони денари (300.000 евра) |
Македонија е прва земја во регионот која ќе користи нови 97 милиони евра за модернизација на земјоделството и тоа преку имплементација на ИПАРД III Програмата (2021-2027 година). Досега објавивме 4 Јавни повици за овој програмски период, а во првиот квартал на 2025 година ќе биде објавен и петтиот јавен повик и тоа за мерка 1.
По ИПАРД III Програмата, Агенцијата исплати вкупна финансиска поддршка од 86,5 милиони денари кон 10 корисници, од кои за првпат беа исплатени и авансни средства кон корисниците.
Во наредниов период Агенцијата посветено ќе работи на акредитација на нови мерки со кои ќе се овозможи уште поголема искористеност на европските средства со цел подобра конкурентност на земјоделското производство и земјоделско прехрамбениот сектор, преку нивно усогласување со стандардите на ЕУ, како и постигнување на одржлива животна средина и социо-економски развој на руралните средини преку поттикнување на економска активност и зголемување на можноста за вработување.