Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АПЗРР: Ви посакуваме бериќетно земјоделско производство, поволни временски услови, сигурен пласман и успешен агробизнис
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АПЗРР: Ви посакуваме бериќетно земјоделско производство, поволни временски услови, сигурен пласман и успешен агробизнис
Агровести

АПЗРР: Ви посакуваме бериќетно земјоделско производство, поволни временски услови, сигурен пласман и успешен агробизнис

Објавено 30/12/2024
Сподели
10 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Полека ја заокружуваме 2024 година. Зад нас е една успешна година во која постигнавме исклучителни резултати. Унапредувањето на земјоделството е голем предизвик, кој води кон перспективен живот во сите краишта на Република Македонија. Грижата за земјоделецот ја покажуваме на дело, велат од Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој.

Во нивната објава понатаму се вели:

Со исклучителна заложба на вработените во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој предводени од менаџментот, успеавме да оствариме историски резултати во реализација на мерките за финансиска поддршка.

Оваа година имаме рекордна исплата на средства од Програмата за Финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година во износ од 8,4 милијарди денари што е за 400 милиони денари повеќе од она кое претставува историски најголем резултат. Само во последните 6 месеци се исплатија над 4,3 милијарди денари кон земјоделците.

Финансиска поддршка добија земјоделците за следните мерки:

Програма за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година
1.1 Директни плаќања по обработлива површина за сите поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија393 милиони денари на 23.629 корисници
1.2 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.1. за употреба на сертифициран семенски материјал,освен за тутун како и употреба на сертифициран или несертфициран семенски материјал за ориз233 милиони денари на 9.174 корисници
1.4 Директни плаќања по обработлива површина за градинарско производство и цвеќе на отворено и во пластеници83,5 милиони денари на 10.727 корисници
1.8 Директни плаќања по обработлива површина за одржување на постоечки овошни насади118 милиони денари на 8.729 корисници
1.11 Директни плаќања по обработлива површина за одржување на постоечки лозови насади146 милиони денари на 13.414 корисници
1.14 Директни плаќања за договорен и продаден ориентален ароматичен необработен тутун од реколта 2023 година, како и дополнителни директни плаќања за оваа мерканад 1,4 милијарди денари на 14.530 корисници
2.1 Директни плаќања за обележани женски грла говеда постари од 12 месеци201 милион денари на 6.189 корисници
2.2 Директни плаќања за произведено и продадено кравјо, овчо и козјо млеко312 милиони денари на 4.534 корисници
2.8 Директни плаќања за обележани грла овци постари од 12 месеци182 милиони денари на 2.058 корисници
2.10 Директни плаќања за обележани грла кози постари од 12 месеци32,5 милиони на 433 корисници
3. Помош за премии за осигурување50 милиони денари
8.Помош за поддршка на трошоци за набавка на гориво за земјоделска механизација за земјоделски стопанства370 милиони денари
Заостанати обврски од претходните години4,8 милијарди денари

За првпат во ист ден земјоделците добија средства за основната мерка 1.1 и дополнителната мерка 1.2 за користење на сертифициран материјал.

За подобрување на пристапот за информации до крајните корисници за првпат воведовме следење на текот на барањето и преземање на решенијата за исплата по електронски пат преку системот за поднесување на барања за директни плаќања.

Дополнително, ги реализиравме и следните Програми:

Програма за поттикнување на потрошувачката на свежо овошје за 2024 година
Финансиска поддршка за откуп, дистрибуција и пакување на кајсии, праски, сливи, крупи, јаболки од реколта 2024 година произведени во РСМ30 милиони денари
Програма за спроведување на интевентен фонд за земјоделството за 2024 година
Финансиска поддршка за предаден сончоглед, откупено винско грозје, продадено производство на пченица и слива380 милиони денари
Програма за финансиска поддршка на органско земјоделско производство за 2024 година
Заостанати обврски од претходните години183 милиони денари
Програма за финансиска поддршка на рибарството и аквакултурата за 2024 година
 Финансиска поддршка за рибарство и аквакултура35 милиони денари
Програма за социјална сигурност на жените кои вршат земјоделска дејност за 2024 година
Деветмесечен надоместок за мајчинство на жените кои имаат статус на осигуреник, индивидуален земјоделец181.000 денари

Агенцијата продолжи со реализација и на мерките од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2024 година, преку која на корисниците исплати вкупно 630 милиони денари. Најголем дел од исплатените средства беа за следните мерки од програмата:

Програма за финансиска поддршка на руралниот развој за 2024 година
112 Помош на млади земјоделци за започнување со земјоделска дејност4,5 милиони денари
115 Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство4 милиони денари
121 Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства350 милиони денари
124 Инвестиции во инфраструктура за развој на земјоделството, шумарството и водостопанството и заштита од природните непогоди45 милиони денари
213 Помош за зачувување на руралните предели и нивните традиционални карактеристики20 милиони денари
214 3ачувување на генетската разновидност на автохтони раси на добиток13 милиони денари
322 Обнова и развој на селата и 323 Зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја31 милион денари
Мерките за техничка помош130 милиони денари

Во рекордно време беа обработени барањата по јавните повици кои беа објавени во 2024 година. За набавка на специјализирани комбајни за жнеење на ориз со сецкалици и/или мобилни сушари за ориз само за две недели од поднесување на барањата беа склучени 57 договори со вкупна вредност од над 34,1 милион денари.

Во следната година продолжуваме посветено да работиме на инвестиции кои ќе ги подобрат условите за работа на земјоделските стопанства, преку нивно модернизирање и подобрување на условите во руралните средини, како и со мерки за мотивирање младите да започнат да се занимаваат со земјоделска дејност.

Агенцијата успешно ја спроведува и ИПАРД Програмата. ИПАРД е фонд на Европската унија за поддршка и развој на земјоделството. Со оглед на успешната имплементација на ИПАРД II (2014-2020 година), Европската комисија ја прогласи Македонија за лидер во искористеност на ИПАРД средствата во регионот со вкупна вредност на исплатената финансиска поддршка за реализираните договори од околу 4,2 милијарди денари, односно 68 милиони евра што е 85% искористеност од буџетот на Програмата. Оваа програма се реализираше преку следните мерки:

ИПАРД II Програма 2014-2020
Мерка 1, Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства1,4 милијарди денари                   (23 милиони евра)
Мерка 3, Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи1,8 милијарди денари                  (30 милиони евра)
Мерка 7, Диверзификација на фармите и развој на бизниси1 милијарда.денари                        (15 милиони евра)
Мерка 9, Техничка помош20 милиони денари               (300.000 евра)

Македонија е прва земја во регионот која ќе користи нови 97 милиони евра за модернизација на земјоделството и тоа преку имплементација на ИПАРД III Програмата (2021-2027 година). Досега објавивме 4 Јавни повици за овој програмски период, а во првиот квартал на 2025 година ќе биде објавен и петтиот јавен повик и тоа за мерка 1.

По ИПАРД III Програмата, Агенцијата исплати вкупна финансиска поддршка од 86,5 милиони денари кон 10 корисници, од кои за првпат беа исплатени и авансни средства кон корисниците.

Во наредниов период Агенцијата посветено ќе работи на акредитација на нови мерки со кои ќе се овозможи уште поголема искористеност на европските средства со цел подобра конкурентност на земјоделското производство и земјоделско прехрамбениот сектор, преку нивно усогласување со стандардите на ЕУ, како и постигнување на одржлива животна средина и социо-економски развој на руралните средини преку поттикнување на економска активност и зголемување на можноста за вработување.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:исплатанова годинаплатежна агенцијасубавенциичеститки
Претходен напис Народна банка: Надворешен долг, побарувања и меѓународна инвестициска позиција во третото тримесечје од 2024 година
Следен напис АФПЗРР: Ви посакуваме бериќетно земјоделско производство, поволни временски услови, сигурен пласман и успешен агробизнис
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?