Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој – АФПЗРР го распиша јавниот повик за мерката 121.1 поддршка за набавка на педигриран добиток.

Поддршката од оваа мерка се однесува за набавка на високостелни педигрирани јуници за млеко, месо и комбинирани млеко-месо и месо-млеко, со исклучок на расата Буша, потоа набавка на педигрирани машки и женски приплодни грла овци и набавка на педигрирани машки и женски приплодни грла кози.Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник изнесува 10 милиони денари, што претставува поврат на направената инвестиција од 50% – 75%.
Рокот за аплицирање е до 16 ноември 2023 година.

Компанијата „Ангела Алфа“ ги информира фармерите за можноста за увоз и карантин на педигрирани товни, млечни и комбинирани грла добиток.
Повеќе информации можете да добиете на телефонскиот број: 075 237 142



