Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Албанија забрани увоз на ситен добиток од Грција и Романија каде има појава на чума
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Албанија забрани увоз на ситен добиток од Грција и Романија каде има појава на чума
Агровести

Албанија забрани увоз на ситен добиток од Грција и Романија каде има појава на чума

Објавено 10/08/2024
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Албанија, по потврдените случаи на чума кај овци и кози во Грција и Романија, воведе забрана на увоз и транзит на живи животни (домашни и диви овци и кози) и производи од животинско потекло од овие две земји.

Исто така, поставени се контролни пунктови со полициски службеници и ветеринарна служба на магистралните патишта, како и на граничните премини.

Генералниот директор на Националната управа за ветеринарство и заштита на растенијата, Роланд Мечај, рече дека „преземените мерки имаат за цел да ја спречат појавата на чумата, која со себе носи значителни штети на сточарската економија”.

– До денеска  немаме случаи на чума, но по наредба на ресорното министерство воведовме забрана за увоз од земји како Романија и Грција, каде е појавена оваа заразна болест. Исто така, зголемено е нивото на претпазливост на надлежните структури, а од одгледувачите на овци и кози побаравме да ги засилат мерките за заштита од чума кај мали преживари, рече тој за Топ чанел.

Мечај додаде дека забраната ќе важи додека не се издаде втора наредба и нагласи дека болеста брзо се шири во стадата, но дека нема никаква опасност по животот на луѓето. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:АлбанијаГрцијаДобитокРоманијаЧума
Претходен напис Историски најголеми пожари во Орегон, изгореа 5.700 квадратни километри земја
Следен напис Трипуновски за ЛОКАЛНО: Во постапка е нов закон за земјоделско осигурување, ги решаваме и другите проблеми на земјоделците
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?