Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трипуновски за ЛОКАЛНО: Во постапка е нов закон за земјоделско осигурување, ги решаваме и другите проблеми на земјоделците
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трипуновски за ЛОКАЛНО: Во постапка е нов закон за земјоделско осигурување, ги решаваме и другите проблеми на земјоделците
Агровести

Трипуновски за ЛОКАЛНО: Во постапка е нов закон за земјоделско осигурување, ги решаваме и другите проблеми на земјоделците

Објавено 10/08/2024
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во интервју за Локално министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски најави амбициозни планови кои ги опфаќаат суштинските сегменти на овој сектор, меѓу кои и најголемите проблеми на замјоделците – осигурувањето и наводнувањето.

Локално: Како може да се смири револтот кај одгледувачите на пченица и како ќе го стимулирате домашното производство на пченица? 

-Конкретно за пченицата оваа година прв пат ќе се откупува пченица од македонски производители за стокови резерви. Секако дека ним ќе им даваме предност. На Влада се стопираше тековната набавка за стокови резерви се со цел да може да се ре-обнови и да се набави пченица од домашно производство. Ќе се субвенционира складирањето на пченица. Се надеваме дека во иднина земјоделците ќе ја сфатат поддршката што ќе ја имаат од оваа влада и ќе се врати производството на пченицата дури и повеќе од минатото. Нашите добри политики ќе бидат препознаени од земјоделците кои ќе бидат поттикнати да ја вратат пченицата на нашите полиња како некогаш.

Со ребалансот се изнајдоа пари за дел од заостанатите долгови но колкав е вкупниот наталожен долг и кон кого? Колку овие 1,25 милијарди денари ќе ја ублажат состојбата?

-Со ребалансот се предвидоа пари за исплата на останатите обврски, по програмите за финансиска обврска со што треба да се покријат сите неподмирени обврски од претходните години. По ребалансот ќе продолжиме со исплата и на останатите субвенции. Кога бев технички министер, со оние податоци со кои располагав јавно укажував на големиот долг за кој бев коментиран дека празно обвинувам, тие ги негираа моите предупредувања. Сега кога го превземав Министерството увидов дека севкупно долгот е некаде околу 5 милијарди денари.

Локално: И покрај бројните апели за осигурување во земјоделството, праксата покажува дека на тоа се помислува само при големи штети од поплави , град и суша. Како да се надмине оваа ситуација?

-Производителите на земјоделските производи често се соочуваат со низа на ризици кои непосредно влијаат на земјоделските приноси. Во најголем дел тоа се временските услови, природните катастрофи, болестите и штетниците. Значаен фактор се временските услови кои за жал не може да се контролираат и преставуваат главен извор на земјоделска неизвесност. Во постапка е донесување на закон за осигурување во земјоделството. Се работи за едно сеопфатно системско решение кое би било под капата на едно тело, при што ќе биде опфатен целиот процес од формирање на полисите до проценка и исплата на штетите. Тука нема да се даде можност за било какви манипулации и злоупотреби како што беше пракса во минатото. Би рекол ова е детално анализиран систем кој беспрекорно функционира во повеќе земји.

Локално: Колкави штети трпи земјоделието од сушата  и дали се размислува за можностите за софистицирани системи за наводнување, особено ако се земат за пример позитивните искуства од соседството, како на пример во Албанија?

-Наводнувањето е голем проблем. Ќе се потрудам да не звучам грубо но не можам да не ги потенцирам руинираните и нефункционални системи за наводнување. Водостопанство е во катастрофална состојба, таму ново-именуваните директори ќе се соочат со проблем кој е долгогодишен во поглед на неодржувани системи, незадоволни вработени кои со месеци не се платени за сработеното, немање на стручен кадар, превработеност и сл. Затоа со ребалансот на буџетот, предвидени се средства за плати и надомест на вработените на АД Водостопанство како и за вработените во ЈП Национални Шуми. Ќе се зајакне капацитетот во водонабдубањето што би значело дека ќе се ќе стави силен фокус на наводнувањето на земјоделските површини зошто ова е битен, важен сегмент за квалитетни земјоделски производи.

Интервјуто во целост на следниот линк.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:локалнотрипуновски
Претходен напис Албанија забрани увоз на ситен добиток од Грција и Романија каде има појава на чума
Следен напис Падна рекордна седумка на Лото од 1,7 милиони евра
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?