Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пролетна зелена резидба кај виновата лоза
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Пролетна зелена резидба кај виновата лоза
АгровестиСовети

Пролетна зелена резидба кај виновата лоза

Објавено 22/05/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Зелената резидба е важна помотехничка мерка што се спроведува во лозјата во текот на вегетацијата. Таа опфаќа повеќе операции со кои се регулира растот на лозата, се подобрува проветреноста и осветленоста на лозата и се обезбедува подобар квалитет на грозјето.

Во зависност од климатските услови, зелената резидба најчесто се изведува од крајот на мај до почетокот на јули. Главната цел на оваа мерка е одржување на правилен облик на лозата и правилен распоред на ластарите на шпалирот. Со зелената резидба се изведуваат повеќе операции на зелените ластари, цветовите, гроздовите и листовите, како што се: лачење, прекратување на ластарите, прекратување на страничните ластари, проредување на гроздовите и отстранување на долните листови. Обемот на зелената резидба не е ист секоја година, бидејќи зависи од климатските услови, сортата и начинот на одгледување на лозата.

Проредувањето претставува отстранување на младите ластари на почетокот од вегетацијата кои нема да бидат потребни ниту во тековната ниту во следната година. Се отстрануваат ластарите што избиле на стеблото, краците, родните делови на лозата или од подлогата. Оваа операција се изведува неколкупати во текот на вегетацијата, а првото проредување се прави кога ластарите се долги само неколку сантиметри. Со нивно навремено отстранување се спречува непотребно трошење на хранливи материи и се намалува густината на зелената маса, што овозможува подобра проветреност на лозјето. Проредувањето е задолжителна мерка бидејќи директно влијае врз квалитетот на грозјето и здравствената состојба на лозјата.

Прекратувањена лстарите е уште една важна мерка на зелената резидба. Се изведува кога ластарите ќе ја надминат висината на потпорната конструкција и почнуваат да се свиткуваат. Ластарите најчесто се прекратуваат околу 30 сантиметри над последната жица или се оставаат 10 до 12 листови над последниот грозд. Со оваа мерка се спречува прекумерен раст на ластарите, се намалува засенувањето и се подобрува циркулацијата на воздухот во лозјето. Воедно, се намалува ризикот од појава на болести и се зачувува родноста на окцата за следната година. Прекраувањето најчесто се изведува во периодот по цветањето, односно околу средината на јуни.

По прекршувањето на главните ластари доаѓа до засилен развој на страничните, па затоа е потребно и нивно регулирање.

Прекратувањето на страничните секундарни ластари се врши кога ќе развијат 8 до 10 листови. Не се препорачува целосно отстранување до основата, туку треба да се остават околу 4 развиени листови кои продолжуваат со фотосинтезата и придонесуваат за исхрана на лозата. Оваа мерка најчесто се спроведува три недели до еден месец по пректатувањето на главните ластари.

Отстранувањето на долните листови не мора да се применува секоја година, туку најчесто во повлажни години кога постои поголем ризик од болести. Со отстранување на неколку листови околу гроздовите, околу 20 дена пред берба, се подобрува проветреноста и осветленоста во зоната на плодовите. Така грозјето подобро зрее, има повисока содржина на шеќери и подобар квалитет. Дополнителна предност е што бербата се изведува побрзо и полесно бидејќи гроздовите се повидливи.

Извор: Агрометео

Може да ви се допадне

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози
Меѓународна работилница за ароми во храна и пијалаци на Земјоделскиот факултет при УГД-Штип
Без вода дел од улицата „Партениј Зографски“, а без струја корисниците на улицата „Тодор Чангов“ во Аеродром
Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата: Борче Серафимовски е новиот министер за земјоделство
Реконструкција на Влада: Резрешен министерот Трипуновски
Таг:виновата лозаПролетнарезидба
Претходен напис КЗК : Констатирани неправилности кај неколку откупни центри кои вршат откуп на овошје и зеленчук
Следен напис Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?