Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Време е за садење лешници – Во расадникот „Агро Река“ најкрупната сорта, Ennis
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Време е за садење лешници – Во расадникот „Агро Река“ најкрупната сорта, Ennis
Растително производство

Време е за садење лешници – Во расадникот „Агро Река“ најкрупната сорта, Ennis

Објавено 22/11/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ноември е идеален месец за садење лешници, а сѐ поголем број луѓе се заинтересирани за садење на овој јаткаст плод со извонредна хранливост. Расадникот „Агро Река“, кој се наоѓа во тетовското село Пирок веќе седум години е успешен на пазарот во Македонија и во регионот, а купувачите се презадоволни и секогаш се враќаат по уште некоја садница.

Лешникот е листопадно дрво. Потекнува од умерените области на Северна Америка, Европа и Азија. Одгледувањето на лешници започнало пред повеќе од 5.000 години, кога луѓето ги откриле хранливите и здравствените придобивки од ова растение. Лешниците се многу популарни и едни од најкултивираните и најконсумираните растителни видови во светот.

„Агро Река“ нуди садници од сортата Ennis, кои се набавени од Холандија, а кои потоа во расадникот сами ги калемат. Спаѓа во поновите сорти на лешници и е најкрупна сорта на лешници. Цената на една садница е 420 денари.

Карактеристики на сортата Ennis

Стеблото на лешникот Ennis е средно бујно. Круната е права, со висока родност. Ennis е сорта со умерено развиена обвивка од која плодовите лесно испаѓаат. Поради исклучително доброто формирање на плодовите, но и нивната големата крупност, спаѓа во високо родни сорти, без оглед што не раѓа во гроздови. Уште првата година дава приноси, а полн род достигнува во 7-8 година.

Оваа сорта на лешник доцна цвета, а ресите, како и женските гаметофити зрели се најчесто во март. Лешникот се опрашуваат со ветер. Ветерот носи полен до женските цветови во текот на зимата. Поленот останува неактивен 7 до 8 месеци (до мај или јуни), кога плодот почнува да се развива. Добри опрашувачи за лешникот Ennis се Lambert црвенолистен, Purpurea maxima, Contorta, Халшки џин и други.

Има убави, многу крупни плодови (просек околу 4,7 гр), со светла, пругаста лушпа. Созрева доцна. Рандманот на јадрото е висок, околу 49 %. Не е чувствителен на ниски температури. Редовната плодност е исто така добра. Ова е најкрупна сорта на лешници. Време на зреење: средината на септември, а подлогата на која се калеми е ластар, мечкина леска.

Бербата на лешници се врши од септември до октомври, кога зрелите лешници паѓаат на земјата и можат да се собираат рачно или со помош на специјално дизајнирана машина.

Расадникот „Агро Река“ нуди и садници оrevi Chandler, Fernor, Fernette по цена од 300 денари.

Телефон за контакт
072 787 600

No photo description available.

No photo description available.

No photo description available.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Култивирано одгледување на ароматични, зачински и лековити растенија: Одржлива и доходовна можност за современо земјоделство
Претходен напис Енолози ќе дегустираат и оценуваат младо вино, ги повикаа семејните производители да достават мостри
Следен напис Млад бик продаден за неверојатни 54.000 евра – Четири компании што се занимаваат со генетика и вештачко оплодување се „бореле“ за него
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?