Вистинската битка овој месец се водела околу продажбата на расплодни говеда во Баварија, Германија. Дури четири компании кои се занимаваат со генетика и вештачко оплодување се „бореле“ за бикот Вајнахт П*С. На крајот бил продаден за 54.000 евра, пишува Аgrarheute.
На аукцијата било истакнато дека овој бик е од расата „симентал“, многу убаво се развил, а го нарекувале и „елегантен“. Профилот на неговата одгледувачка вредност е избалансиран, без никакви слабости, објави германската канцеларија за храна, земјоделство и шумарство. Неговата вкупна одгледувачка вредност е 136. Има и исклучително висока приплодна вредност, со индекс 124.
Овој бик потекнува од одгледувачницата „Вајс Манфред“ во областа Реген во Баварија.
Го купила компанијата „Баерн-Генетик“ од Ландшут.
Минатата година, отприлика ова време, во Ирска беше поставен рекорд во продажба на бикови кога бикот Клона Лаки Експлорер, исто така од расата „симентал“, беше продаден за 52.000 евра.
