Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Утринска навика која може да го зголеми ризикот од појава на деменција
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Утринска навика која може да го зголеми ризикот од појава на деменција
Магазин

Утринска навика која може да го зголеми ризикот од појава на деменција

Објавено 25/06/2026
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ако сте стекнале навика да го прескокнувате појадокот, можеби е време повторно да размислите за оваа рутина. Ново истражување покажува дека оваа честа утринска навика би можела да биде поврзана со поголем ризик од когнитивен пад и намалување на волуменот на мозокот кај постарите лица.

„Според резултатите од студијата, кај луѓето кои редовно го прескокнуваат појадокот биле забележани повисоки нивоа на биомаркери поврзани со ризик од деменција“, пишува магазинот Итинг вел. („EatingWell“).

Податоците собрани во периодот од 2015 до 2018 година покажуваат дека околу 15 отсто од Американците постари од 20 години редовно избегнувале појадок. Причините за тоа се различни – од брзо темпо на живот и недостаток на време наутро, до популарноста на повременото постење, како метод за намалување телесна тежина.

Резултатите добиени од испитувањето покажуваат дека ваквиот начин може да краткотрајно да помогне во слабеењето кај некои лица, но таквата практика може да доведе и до негативни последици врз организмот. Телото може да доживее стрес, ослободувајќи повеќе кортизол и може да придонесе за таложење маснотии во пределот на стомакот. Исто така, избегнувањето храна во утринските часови може да доведе и до зголемено чувство на вознемиреност поради пониско ниво на шеќер во крвта, како и до таканаречената „мозочна магла“, бидејќи гликозата е главниот енергетски извор за мозокот. Затоа оваа честа навика би можела да го наруши здравјето на мозокот.

За да увидат како прескокнувањето на појадокот може да влијае врз мозокот, научниците ги надгледувале навиките на луѓето без да им наметнат инструкции. Лицата кои учествувале во истражувањето не биле поделени во групи на кои им било наредувано едни да прескокнуваат појадок, а други не. Наместо тоа, истражувачите го следеле времето во кое учесниците ги консумирале оброците, а потоа ги споредиле карактеристиките на оние кои појадувале и оние кои не појадувале.

Во групата на „лица кои го прескокнуваат појадокот“ биле вклучени оние кои ја практикувале оваа навика најмалку еднаш неделно. Во ова истражување учествувале лица постари од 60 години од кинескиот град Ченгду, кои се согласиле да бидат следени во период од три години.

– Иако тестирањето беше спроведено и врз лица на 60 години, луѓето со сериозни срцеви заболувања и инфекции на централниот нервен систем не беа дел од него, нагласуваат експертите.

Од 973 учесници, истражувањето го завршиле 859 лица, од кои 117 редовно го прескокнувале појадокот. Бидејќи бројот на учесници во двете групи бил различен, научниците направиле дополнителна анализа со создавање парови „еден на еден“, според возраста, полот, степенот на образование и генетиката, со цел резултатите да бидат што посигурни.

На почетокот биле собрани основни демографски податоци, а когнитивните способности биле проценувани на секои 18 месеци со помош на краткиот тест „Мини-ментален статусен преглед“ (ММСЕ). Тестот ја проверува меморијата, вниманието и основните ментални способности.

Сите учесници биле тестирани и за присуство на генот АПОЕ (ApoE), особено варијантата која се поврзува со зголемен ризик од Алцхајмерова болест. Кај 179 учесници била направена и магнетна резонанца за следење на промените на волуменот на мозокот. Ваквите анализи биле потребни бидејќи атрофијата, т.е намалувањето на мозочното ткиво, е еден од факторите поврзани со деменција.

По завршувањето на 36-месечното следење, на сите учесници им биле земени примероци од крв за анализа на биомаркери кои укажуваат на невродегенерација, процес при кој нервните клетки постепено ја губат својата функција.Добиените резултати покажале дека на почетокот на не биле забележани значајни разлики во когнитивните способности меѓу луѓето кои појадувале и оние кои го прескокнувале појадокот. Слични резултати биле забележани и по 18 месеци. Дури по три години се појавиле разлики. Лицата кои редовно го прескокнувале појадокот имале пониски резултати на ММСЕ тестовите во споредба со оние кои имале навика да појадуваат.

Научниците зеле предвид и други фактори кои можат да влијаат врз когнитивното здравје, како возраста, полот, образованието, телесната тежина, генетскиот ризик, крвниот притисок и нивото на масти во крвта. Анализата покажала дека пониското образование, дебелината, високиот крвен притисок и редовното прескокнување на појадокот биле поврзани со когнитивен пад во текот на периодот на следење.

Меѓу другото, лицата кои не појадувале имале повисоки нивоа на биомаркери поврзани со невродегенерација. Резултатите од магнетната резонанца покажале и поизразена атрофија на мозокот кај 34 учесници кои го прескокнувале појадокот, во споредба со оние кои редовно јаделе во утринските часови.

– Земавме предвид повеќе фактори кои можат да влијаат во појавување на деменција. Резултатите покажаа дека редовното прескокнување на појадокот би можело да биде независен фактор поврзан со когнитивниот пад кај постарите лица. Сметаме дека оваа навика можеби директно влијае врз зголемување на биомаркерите поврзани со когнитивниот пад и намалување на волуменот на мозокот, објаснуваат експертите. Познато е дека промените во мозокот кои подоцна можат да доведат до Алцхајмерова болест и други форми на деменција може да започнат со децении пред појавата на првите симптоми, па затоа сметаме дека раното создавање здрави навики може да е значајно за долгорочното здравје на мозокот, заклучуваат тие. 

МИА

Може да ви се допадне

Џем од праски
Летна салата со тестенини
Украсни растенија како природни средства против комарци
Ледена лимонада со јагоди
Домашен сладолед од ванила со малинов прелив
Таг:деменцијазголеми ризикотУтринска навика
Претходен напис Мицкоски: Капиталните инвестиции со ребалансот се зголемени од 39 на 47 милијарди денари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?