Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Цената на бензините се намалува 3,5 и 4 денари, на дизелот за 7 денари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Цената на бензините се намалува 3,5 и 4 денари, на дизелот за 7 денари
Агровести

Цената на бензините се намалува 3,5 и 4 денари, на дизелот за 7 денари

Објавено 22/06/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ поевтинува за 3,50 денари по литар, ЕУРОСУПЕР БС-98  за 4 денари, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 7 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ). 

Новата цена на литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 84 денари, а 86 денари на  ЕУРОСУПЕР БС – 98, додека ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава по 80,50 денари, а ЕЛ-1 за 79,50 денари. 

Се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, за 3,932 денари за килограм и ќе изнесува 42,291 денари за килограм. 

Со одлуката на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 6,61 процент во однос на одлуката од 15. месецов. 

- Реклама -
Ad image

– Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 8,216 проценти, кај дизелот за 12,699 проценти, кај екстра лесното масло за 12,354 проценти и кај мазутот намалувањето е за 11,352 проценти. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,0396 проценти – наведува РКЕ во обраложение на одлуката.

РКЕ

Може да ви се допадне

Иротова: Трактор купен со државна помош во 2023 година бил продаден, парите мора да се вратат во буџетот
Обновен рибниот фонд на Преспанското Езеро со околу 7.000 млади крапови
Потврден првиот случај на птичји грип сезонава во Јапонија, ќе бидат уништени 200 илјади кокошки
Делегација на шумарски експерти од Австрија го посети НП Маврово
Управувањето со пожари на ниво на предел како потенцијална алатка за регионална соработка на Западен Балкан
Таг:4 денари7 денарибензинитедизелотцената
Претходен напис Жетвата почна, Министерството за земјоделство молчи за цената на пченицата
Следен напис Жетвата на јачменот е во полн ек во Штипско и Овче Поле
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?